[Ossm-members] FIY: USAID/PEP тендер за локализација на слободен софтвер

Jovan Kostovski chombium at gmail.com
Fri Jul 25 07:52:35 UTC 2008


2008/7/24 Aleksandar Balalovski <gemidjy at lugola.net>:
> On Thursday 24 July 2008 18:04:17 Jovan Kostovski wrote:
>> Чомбе
>
> За сѐ најбитна е мотивацијата, која беше нашата мотивација кога работевме до
> рани зори и по дома кога сме преведувале? Која е мотивацијата на $$Климент и
> компанија$$?

Нашата беше да им помогнеме на другарчињата и да направиме нешто добро
за заедницата, нивната е да земат пари. Крајниот резултат е ист,
преведен софтвер.
Проблемот е што Генреп има тотално погрешен пристап кон работите и не
комуницираат со заедницата.

> Мислам дека сепак не треба да се обвинува само една личност. Тоа е цела група
> на местачи кои постојано се вртат околу истите местенки. На крајот на
> краиштата ако во 2С.мк работеа 10 луѓе кои на први требаше да земат плата или
> вотевер, немаше да одбиеме да учествуваме на тендерот како што се случи
> овојпат. Нас тендерот не ни беше од интерес.

Дали се местенки или не, колку луѓе стојат зад нив, воопшто не е
важно. Она што е
важно е како и дали воопшто ќе се вреднува досегашниот труд на волонтерите и
што ќе се случи со преводите, дали ќе се вратат на заедницата, дали ќе
се одржуваат.

Алекс, и јас го почитувам Климе како програмер, не толку како тебе ;)
Во случајов не се работи за тоа дали Климе програмира 20 или 50
години. Во моментов
тој се впушта во проблематика каде што не е искусен и не сака да комуницира,
не сака да каже што му е намерата. Се брани демек тоа би му ги нарушило
бизнис плановите, па затоа молчи. Ако не знае нешто или не го разбира доволно,
слободно нека праша, а не да се брани со молчење.

Да ве потсетам на поговорката: Истегни си ги нозете колку што ти е
долга чергата.

ПОЗДРАВ, Чомбе


More information about the Ossm-members mailing list