[Ossm-members] Apertium - погон за машински превод на јазици со отворен код

Ivica Dimitrijev palifra at gmail.com
Sun Mar 9 16:10:48 UTC 2008


> Интересно. Само што во моментов гледам дека има само „Македонски ->
> Српско-Хрватски".

Да.  Креирање на јазичен пар е само механичка работа, но има смисла да
се прави во случаи кога има одредена количина на зборови во некој од
морфолошките речници.
Конкретно македонско-англиски и обратен би се креирал кога
македонскиот морфолошки речник достигне околу 10.000
зборови.(Англискиот веќе има 29.000 и е многу лесно се ажурира со
оглед на ресурсите расположливи под некоја од прифатлитиве лиценци)


> Проблемот со алатките за автоматско преведување е тоа што треба да ги
> научиш како да преведуваат прво (а тоа е најштекиот дел).
>

Потполно се согласувам со тоа, но  не е потешко од превод на одреден
текст. Во основа се зависи од количината на работниот материјал.(листа
на зборови, леми, преведувачки мемории)

> Ивица, а ти работиш на ова?

Да.

Главната причина поради која го испраќам ова овде е тоа што денес
добив писмо од еден од членовите на проектот кое се однесува на Google
Summer of Code 2008.
Регрутираат студенти заинтересирани за машински третман на јазици. Па
некој заинтересиран за таа работа може да се пријави преку проектот на
Апертиум.
Повеќе информации подолу:
http://xixona.dlsi.ua.es/wiki/index.php/Ideas_for_Google_Summer_of_Code

Офтопик: Се надевам пак не отворив нова нишка.


More information about the Ossm-members mailing list