[Ossm-members] FYI (l10n) соработка со филолошки факултет
Bozidar Proevski
bobibobi at freemail.com.mk
Mon May 19 19:47:26 UTC 2008
On Monday 19 May 2008 17:37:28 Jovan Kostovski wrote:
> +1 најлесно им е да преведуваат "обичен" текст, само не смеат да се
> остават без надзор
> за техничките поими.
Поголемиот дел е „необичен“ текст, кајшто преведувачите ќе треба да знаат за
кратенки на тастатура, markup-јазици и слично, за да можат подобро да
преведуваат. А за тоа треба обука.
> Инаку најдобро би се вклучиле и најмногу би ни користеле лектори.
Лектори за преведениот корпус и преведувачи за она што е сѐ уште непреведено.
> Мислам дека најдобро е моделот кој го воведе Божо кој го користевме на
> маратоните за OOo.
Јас не можам да оценам дали е најдобар моделот. Освен тоа за тој тип
преведување е потребна блиска спрега меѓу „преведувачот“ и „информатичарот“ и
барем два екрани... Може тоа да се одвива и преку мрежна комуникација (џабер
& цо.) ама и тогаш е пожелно „преведувачот“ да има обука за користење на
софтверот за преведување како и специфичноста на материјалот што се
преведува.
> ПОЗДРАВ, Чомбе
>
On Monday 19 May 2008 20:21:16 Vladimir Stefanov wrote:
> Па може и да продолжат таму кај што застанаа во преводот на помошта од
> OpenOffice, нормално под надзор за технички термини.
Дали се знае колку заинтересирани студенти има? И дали е можно да се направи
еден проширен состанок на кој би присуствувале студентите и професорите од
нивна страна и лидерите на тимовите за локализација од наша страна?
Поздрав Боби
More information about the Ossm-members
mailing list