[Ossm-members] FIY: USAID/PEP тендер за локализација на слободен софтвер

Новица Наков novica at bagra.org
Fri May 30 12:17:33 UTC 2008


Jovan Kostovski напиша: 

> Во име на Слободен софтвер Македонија, а ти како претседател да ставиш
> потпис и печат.

Слободен софтвер Македонија не е автор на преводите па да пишува во свое име 
нешто. Слободен софтвер Македонија традиционално (од почетокот) беше 
покровител на локализацијата на различни начини, но секогаш авторите директно 
одлучуваа за нивната судбина.

До сега организацијата ги застапуваше преведувачите на разни места и во разни 
прилики. Кога не можеле да присуствуваат сите, таа зборувал во нивно име. 
Сега не знам дали е веќе така, бидејќи и покрај ставот што зазема 
организацијата (тој објавениот на www.slobodensoftver.org.mk) повеќе од 
тимовите или луѓето одлучија да соработуваат со други правни идентитети и да 
настапат на тендерот.

Така што тешко е да видиме како и со кое право би праќале такво писмо. 

Добрата страна на ова е што можеме да заклучиме дека компаниите, 
организиациите (домашни и странски) и јавноста воопшто е доволно запознаена 
со локализацијата и тој процес е доволно зрел што значи дека целта на 
Слободен софтвер Македонија во тој дел на некој начин е остварена

(Ваквиот развој на настани ќе го доведе во прашање и начинот на соработка со 
Филолошкиот факултет.... но за тоа во друг thread)

-- 
Новица

http://wiki.lugola.net/Вечна_TO-DO_листа
http://wiki.lugola.net/Бонтон_за_ossm-members
http://wiki.lugola.net/Важни_настани_за_слободниот_софтвер_во_Република_Македонија
Важно: http://bugs.softver.org.mk/index.php?tasks=all&project=7 !



More information about the Ossm-members mailing list