[Ossm-members] sorabotka pomegju filoloski fakultet Blaze Koneski i OSSM

Igor Stamatovski igor.stamatovski at gmail.com
Fri May 30 14:47:03 UTC 2008


2008/5/30 Jovan Kostovski <chombium at gmail.com>:
> Мислам дека соработката ќе си оди како ја планиравме/дискутиравме на листава.
> Овие со тендерот ќе ни отворат повеќе работа.
>
> Работата е што овие преводи што ќе се направат за Edubuntu ќе бидат
> one time job. Ќе си ги соберат парите и ќе си отидат по дома, никој нема да се
> грижи за овие преводи, секој во преведувањето ќе си влече на своја страна, ќе си
> воведува свои термини, најверојатно нема да се користи некој стандард и речник
> за преведување....
>
> Кратко кажано, извинете ми на изразот, се плашам дека овие само ќе се
> испосерат и
> после ние (заедницата) ќе треба да чистиме. Ќе преведуваме се одново,
> ќе ги одржуваме преводите...

Па не баш.

Слободен софтвер Македонија беше тука кога никој друг немаше свест и
разбирање дека е потребно да се има софтвер преведен на македонски
јазик. Ние тоа успеавме да го направиме на неколку наврати и со
неколку маратони и го постигнавме она што го постигнавме пристоа
користејќи слободен софтвер.

Имаме доволно преведен слободен софтвер на македонски споредено со
човечките, материјалните и финански ресурси со кои располагаме ние а
исто така и тимовите за локализација.

Очигледно успеавме да ги придвижиме некои од процесите во нашето
општество, па и други невладини организации, фондации, странски
донатори, а еве и компании да се зафатат со оваа работа и да го
продолжат она што ние го почнавме.

Оттука проектот за локализација под покровителство на Слободен софтвер
Македонија речиси е на самиот крај, за ние институционално, технички
или на било кој друг начин се грижиме за локализацијата.

Очигледно чинителите во општеството сега ќе си ги преземат тие
процеси, а со тоа и грижата за квалитетот кој секој од субјеките што
учествуваат ќе го испорача.

Единствено што ние можеме да нудиме е консултации и тренинг по пазарни
цени ако некој има интерес за тоа бидејќи се разбира дека ова е само
еден мој предлог.

Мислам дека оваа точка треба да се стави на гласање, дали на управен
одбор, вонредно собрание или што и да е, и се констатира дека Слободен
софтвер Македонија успешно си ја заврши својата работа.


-- 
Поздрав,
Игор


More information about the Ossm-members mailing list