[Ossm-members] sorabotka pomegju filoloski fakultet Blaze Koneski i OSSM

Jovan Kostovski chombium at gmail.com
Sat May 31 09:37:47 UTC 2008


2008/5/30 Igor Stamatovski <igor.stamatovski at gmail.com>:
> Па не баш.
>
> Слободен софтвер Македонија беше тука кога никој друг немаше свест и
> разбирање дека е потребно да се има софтвер преведен на македонски
> јазик. Ние тоа успеавме да го направиме на неколку наврати и со
> неколку маратони и го постигнавме она што го постигнавме пристоа
> користејќи слободен софтвер.

д гуд олд дејс :)

> Очигледно успеавме да ги придвижиме некои од процесите во нашето
> општество, па и други невладини организации, фондации, странски
> донатори, а еве и компании да се зафатат со оваа работа и да го
> продолжат она што ние го почнавме.

Да, направивме многу добри работи за нашето општество. Браво за сите нас.

> Оттука проектот за локализација под покровителство на Слободен софтвер
> Македонија речиси е на самиот крај, за ние институционално, технички
> или на било кој друг начин се грижиме за локализацијата.
> Очигледно чинителите во општеството сега ќе си ги преземат тие
> процеси, а со тоа и грижата за квалитетот кој секој од субјеките што
> учествуваат ќе го испорача.

Ме плаши само комерцијалниот аспект на оваа кампања... Се ми се чини
фирмиве ќе бараат уште пари за одржување на преводите, доколку воопшто
ги одржуваат.

Се сложувам дека нема потреба да организираме големи настани од
тип на маратони за преведување, но поттикнувањето за користење на
слободен софтвер на македонски јазик и поттикување да се локализира софтвер
на македонски јазик треба да продолжи.

> Единствено што ние можеме да нудиме е консултации и тренинг по пазарни
> цени ако некој има интерес за тоа бидејќи се разбира дека ова е само
> еден мој предлог.

Да, ова е супери идеја. Може да почнеме да организираме курсеви и
обуки за локализација
по пазарни цени од кои дел од парите би оделе за проекти на ОССМ.


2008/5/30 Новица Наков <novica at bagra.org>:
>
>> Мислам дека соработката ќе си оди како ја планиравме/дискутиравме на
>> листава.
>
> Не знам за тебе, ама јас немам образ да им кажам на некои деца да волонтираат
> на преводи, кога за истото постојат комерцијални проекти.

Е да, ова е многу незгоден момент во целата приказна, но ако ги
убедиме во убавите работи кои слободниот софтвер му ги овозможува
на општеството можеби и ќе направиме нешто. Од друга страна гледано,
гарант има повеќе студенти отколку што им е потребно на фирмите за нивните
преведувачки проекти, па ќе останат некои и за нас.

На ФЕИТ(ЕТФ) на пример, секој студент мора да изврши неплатена
( или за пари за сендвич и автобус, на волја на фирмите)  стручна
пракса во некоја фирма. Сите одат и работат проекти од кои фирмите
добро заработуваат и никој не се буни.

Исто така, можеме да ги убедиме да користат слободен софтвер и кога
ќе ги засакаат програмите да што ги користат ќе треба само да им спомнеме
дека може и да ги преведат на македонски. Нешто слично како што почнавме
да преведуваме и ние ;)

ПОЗДРАВ, Чомбе


More information about the Ossm-members mailing list