[Ossm-members] сфд агенда за утр

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Fri Oct 3 18:37:01 UTC 2008


Подетална агенда:

1. Се наоѓаме кај 9 да купиме јаже и да побараме шнајдер да го зашие
платното за да може да се протне јажето и да се оптегне платното. Ако
не најдеме шнајдер, земаме подебел конец и игла и таа работа ја
завршуваме рачно.

2. кај 11 и пол најкасно сме во Точка. Го прилагодуваме просторот, го
поставуваме проекторот, ги местриме лаптопите, цедеата и флаерите.
Кога ќе почнат, ако почнат да доаѓаат луѓе во 12 сè да е подготвено.

3. Околу 12 го поставуваме платното за сликање пред точка и дечките
пробуваат да видат како ќе им оди, за да бидат спремни за на плоштад.

4. Во точка пуштаме слободна музика, на проекторот се вртат
презентации за слободен софтвер и слики со слободни лиценци. Во некој
момент може и некое слободно видео да се пушти.

5. На луѓето кои доаѓаат им објаснуваме што како. Доколку некој има
концепт, слободно нека сподели.

6. Во 14 дел од нас се преселуваат на плоштад со дечките, а дел
остануваат во Точка.

7. На плоштад бираме место и го оптегнуваме платното од канделабра до
канделабра. Дечките почнуваат со сликање, останатите од нас делат цд-а
и флаери и објаснуваат што е денот и што претставува слободниот
софтвер и што има на цдата.

8. Кога е готово платното, се собираме и, ако не е договорено место за
проекција, си одиме дома.

Се надевам бар утре поголемиот дел од заедницата ќе биде присутна на настанот.
Ако не, ни нема спас.

Хакери од целата земја обединете се :)


-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list