[Ossm-members] 2с.мк четврт-годишен состанок

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Sun Sep 14 11:38:44 UTC 2008


2008/9/12 Misa Popovic <popmisa at gmail.com>

> Предлог агенда:
>
> 1. Разгледување начини за финансирање на 2с.мк
>
> 2. Размислувавме за конференција. Собираме идеи за ова.
>
> 3. (ре)дефинирање на политиката на 2с.мк кон локализација на слободниот
> софтвер.
>
> 4. „Сподели" - идеи за оваа сезона
>
>
Бидејќи гледам никој до сега не се нафати, еве јас накратко ќе раскажам како
помина средбата, односно ќе се поставам како записничар :)

Искрено од мој аспект гледано големото присуство на луѓе на оваа средба за
мене беше доста оптимистички и поради тоа мислам дека не смееме да се
откажуваме од оваа работа.
Сè на сè муабетите се вртеа околу такви мисли за прекинување на постоењето
на организацијата како правно лице поради немање на луѓе кои би ги
завршувале пред се поголемиот дел на бирократските работи. Иако ова не беше
во агендата се додаде како точка која се наметна и зазеде најголем дел од
времето на тричасовниот состанок. Што пак остави помалку време за
дискутирање на следните точки бидејќи и нивниот статус зависеше од
разрешувањето на таа за организацијата, која сепак остана отворена.

1. Околу финансирањето се предложија неколку идеи, ама најостварлива се виде
таа да се добиваат материјални срдства од спонзори кои се потребни за
завршување на одреден конкретен проект, а не да се бараат пари. Тоа на
пример би било добивање на цедиња, печатење, изнајмување простор и сл.

2. За конференцијата се спомна дека постои добра воља од организаторите
потполно да се финансира вклучувајќи пат, престој и присуство на
конференцијата, оној кој ќе испрати добар и соодветен труд во форма на
абстракт за презентација, која би влегла во една од наведените теми на
конференцијата за кои пиша Игор во еден претходен тред, Па доколку некој е
расположен и мисли дека може слободно нека го испрати тоа на листа.

3. Третата точка, под влијание на неодамнешните случувања на тендерот на
владата за локализација и последиците од тоа, се однесуваше на промената на
односот кон локализацијата од страна на организацијата, односно скоро
потполн прекин на таквите активности од страна на истата. Секој поединец кој
е расположен тоа да го прави на своја рака, може слободно да продолжи, но не
преку организацијата, чиј став го поддржувам.

4, За сподели не се дадоа некои конкретни идеи, но сепак постои сеуште
високо ниво на ентузијазам за продолжување на оваа традиција. Дамјан ја
презема одговорноста за организирањето на овој настан.

Како последна точка која беше надвор од агендата се наметна темата за sfd.
Иако координаторот Чомбе не беше доволно заинтересиран :) по заедничко
залагање со Арангел го ставивме на дневен ред поместувањето на прославата на
денот на слободен софтвер за 10 дена за да има повеќе време за организација.
Моментално се разгледува просторот, ќе се бара дозвола од градот за
присуство на плоштадот, ќе се спремаат рекламни материјали и по се изгледа
ќе се снима двд-то со Убунту на македонски и вклучени сите кодеци кое го
подготвил Димитар. Исто ќе пробаме да го направиме сликањето на платно со
деца што цртаат графити, за тоа се пријави Мартин дека ќе исконтактира со
некои другари кои го работат тоа, а и јас познавам некои деца, така да
најголем проблем тука е платното и дозволата. Јас сеуште останувам на тоа
дека за сфд треба да се проба да се направат презентации за слободен софтвер
по училиштата, тука го имаме александар од ЈБТ кој одобри за во таа
гимназија, а јас вчера разговарав со професорка од Корчагин, која исто ми
рече го имате и Корчагин. Мислам дека не би постоел никаков проблем и во
други гимназии во Скопје, само што треба некој од членовите да се пријави за
да презентира по школите. Јас мислам дека Software Freedom Day е случување
во кое треба сите да се вклучиме, сите кои се залагаме за слободен софтвер.
Мислам дека иако е паднат ентузијазмот, ова нека биде бар последно, ако не и
прво во кое во најголем број ќе се заложиме да испадне најдобро што може.

Поздрав

п.с. Каде се младите да го вратат духот?

-- 
Bi
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20080914/2749100b/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list