[Ossm-members] Итна одлука за организација на SFD

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Tue Sep 16 16:53:15 UTC 2008


2008/9/7 Biljana Kochoska <biljana.kochoska at gmail.com>
>
>
> Потоа за добар ПР да се организира некоја дешавка на плоштадот, со дозвола на градот се разбира. Мене ми доаѓа идеја на едно големо платно од крај до крај на стоковната, поставено на земја, млади луѓе да цртаат една огромна парола слободен софтвер внесувајќи во неа шареноликост креативност и сопствен удел. Тоа би го прикажало симболично заедничкото работење во креирањето на слободниот софтвер, како нешто убаво добро и од сите за сите. Откако ќе биде завршено платното да се истакне на плоштад, доволно е и еден ден. Се разбира за тоа ќе бидат викнати и новинари кои ќе го покријат настанот.
>
> За време на сликањето, може да се постават тука и пунктови за делење цедиња и маици, доколку сметате дека тоа е најважно.

Да се надоврзам на ова.

Ни се отвори шанса да го направиме ова на вечерта на белата ноќ на 27
ми септември.
Да влеземе како дел од програмата некаде околу 6 часот пред да се стемни.

Цртачи мислам дека се скоро најдени, но ни треба:

- бело платно и бои. (платното должина 15 метри, висина 1,5 до 2)
- да поделиме ДВД-а меѓу нас и да ги снимиме со убунту пакетот што го
подготви Димитар, (чекаме линк до торент од него),
- да се пријави некој за спремање на флаер
- ни треба и печатница која ќе не спонзорира печатење флаери и
евентуално паковки на цдињата.
- преку ден може да организираме и јубилејно сподели во точка каде би
се спремило нешто за денот.

МОРА да потврдиме присуство вечерва и да пишеме што све ќе правиме,
зашто флаерите за бела ноќ се печатат утре.

Ве молам ако го добиете мејлов сега брзо да одговорите или да се
пријавите за помагање во организацијата за денот на слободен софтвер.

п.с. И бидејќи ова испадна апансас, мислам дека не би било лошо
презентациите во школите може да се планираат за претходниот ден петок
36ти.

-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list