[Ossm-members] Итна одлука за организација на SFD

Ilija Kocho ilijak at siva.com.mk
Sun Sep 21 11:03:48 UTC 2008


Не сакам да ви се мешам во работата ама мислам дека летокот треба да е
(и) на македонски. Впрочем ова е година на македонскиот јазик. Една од
предностите на слободниот софтвер кај нас (благодарејќи на вашиот труд)
е достапнста на македонски јзик. Исто, ако може некако да истакнете дека
слободиот софтвер не е фиромизиран.

Многу успех и добра забава.
Илија

Biljana Kochoska wrote:
> Иако името на тредов е малчку без врска сега, тука го започнавме цел
> муабет околу СФД, па тука и ќе продолжам да не се расплинуваме.
>
> Денес на Сподели знаење, покрај кауч ДБ :) решивме неколку работи во
> врска со организацијата на СФД. Дојдоа двајца урбани уметници кои ќе
> учествуваат, а утре ќе имам средба уште со тројца за прецизирање на
> работите што се однесува до нивните задачи.
>
> За ДВД-а добивме донација од 200 Инфопројект заедно со паковки и
> испринтан кавер.
> Голема благодарност до Ванчо.
>
> Што се однесува до Убунтуто што ќе го снимаме на ДВД-ата неколкумина
> веќе зедовме по едно за да го разгледаме. Секој кој има идеја за
> кастмизирање, да се додаде нешто, некој сплешскрин, опција, документ,
> апликација, букмарзи и сл, нешто за обележување на сфд `08 нека каже
> па утре да ги направиме дефинитивните подесувања за ДВД-то да може да
> се режи. Исто им рековме на луѓето кои ќе го сликаат платното дека
> внатре на десктоп ќе им ставиме нивни галерии, кои тие ги понудија
> слободно.
>
> За режење на ДВД-ата со Убунтуто се јавија: Ванчо, Боби, Чомбе, Миша,
> Илин, Глиша,, а се надевам тука можат да се вклучат и Арангел и
> Гемиџи, а може и секој кој ќе се понуди за да се убрза работата. Кога
> кастмизацијата ќе биде завршена, некој од нас ќе ја постави финалната
> верзија на ДВД-то на сервер за директно да може да го симнеме и да го
> режиме.
>
> За купувањето на платното и боите и принтањето на флаерите ќе средиме
> Јас и Миша, со помош на Новица.
>
> Еве предлог за предната страна на флаерот. http://bach.taneski.com/sfd/letok.png
>
> Наскоро ќе ја има и задната + опаковката на двд-то.
>
> За презентации по школите до сега се пријавија, Миша, Дамјан, Новица,
> јас, Васко, Марко, Чомбе е со прашалник и Гемиџи е со прашалник.
> Моментално се работи на презентацијата, која ќе се стандардизира за
> сите и доколку се јави уште некој би иделе по двајца во две школи. Ова
> утре треба да е решено за да се прашуваат школите.
>
> Во сабота, покрај случката на плоштад од кај 2 ќе имаме сподели знаење
> во Точка, кое може и да биде еден мини инстал фест.
> Предлози идеи, помош од секаков вид се добредојдени.
>
> Поздрав
>
>   




More information about the Ossm-members mailing list