[Ossm-members] Итна одлука за организација на SFD

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Sun Sep 21 11:28:20 UTC 2008


не знам како ме разбравте, ама ние овде имаме поголем проблем, отколку
дали летокот имал парола на англиски илио не.

Дали има смисла да го правиме СФД во петок со некои млади истражувачи.
Мене ова искрено ме асоцира на ракетно моделарство, бидејќи во
Македонија не знам нешто сериозно да се прави во истражувње.

Значи јас ова би го отфрлиола. Да добиеме дозвола од градот за друг
ден, може да оди многу споро и на крај воопшто да не ја добиеме, зашто
нема да фрлиме камен.

Друга работа е сабота, ама да гоправиме сето ова во точка, тешко дека
ќе има некој ефект, без никаква најава, нашата цел беше да го
искористиме моментот на бела ноќ, кога цел град е излезен и ќе
допревме до многу луѓе без претходна медиумска ангажираност.
Сега појавувањето на плоштад герилски, можда и нее лоша идеја, ама е
премногу ризична. Прво, може да нема вопшто луѓе ако одиме рано, второ
може да ни направат проблем, и да не испадне ништо.Евентуално, ако го
изведема како некој протест, па да се прошетаме со тоа платното, ама
не знам ни ова колку има смисла.

Јас сум во голема недоумица колку ова треба да се направи, вака како
што го планиравме.

Дајте идеи, дај да одлучиме побрзо.

п.с. што се однесува на летокот, текстот и се што треба да објаснува
за слободниот софтвер и слободната култура би бил од другата страна,
на македонски се разбира. Паролата е на англиски за да има поголем
ефект, башка што не знам дали можете естетски да го замислите како би
изгледало на англиски. Што се однесува на логиката, мене вака ми е
сосем логично, а башка што поентата со веквите слогани е да бидат
ефективни, а не да се реални дефиниции на нешто. Ако мислите дека
некој ќе застане и ќе дефинира што тошно треба да значи ова и дали е
стварно така, многу сте се излажале. Нашата цел е постигната, ако
воопшто му се види флаерот убав и примамлив и прочита што има на
другата страна.

Башка што самата парола е идеолошка и зборува за нешто што би требало
да биде, а не што е. Прво зашто не користиме сите слободен софтвер за
да видиме какво тоа општество и култура би произлегло од тоа.


-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list