[Ossm-members] Итна одлука за организација на SFD

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Sun Sep 21 19:08:39 UTC 2008


Јас предлагам средба уште утре. Пример од 6 саатот, нека биде пак во Точка.

Немаме доволно време и треба убаво да се реши што и како ќе се прави.

1. Од Дамјан сеуште нема  пример за презентации кои би се држеле по
школите, за да се модификуваат и да се реши кои би биле. Имаме потврда
и од гемиџи дека може да се приклучи на ова.

2. Што се однесува до ДВД-то не гледам некој да предложи некаква
модификација, додаток или прилагодување, па за да го затвориме и да го
режиме.

3. Со цртачите ја одложив средбата додека не решиме што ќе правиме со
тој дел и длаи ова воопшто ќе го правиме в сабота.

4. Дизајнот на флаерот и горниот дел на двдто не би можеле да се
завршат додека не ги решиме сите поединости.

5. Му пишав на А. дека не прифаќаме да настапуваме в петок со младите
истражувачи. (Извини Миша ништо лично :)

Еве го и мејлот: „Здраво А.

Многу ми е жал што вака испадна, особено што сликањето на 15 метри
долго платно, со што и да е поврзано, е некаков уметнички перформанс,
а уште поинтересно е што слободен софтвер веќе добил официјална покана
од градот за учество на бела ноќ на 1,05,2008.

Како и да е, во петок нас не ни одговара. Едно што за тој ден имаме
планирано други активности, некои презентации по школите за слободен
софтвер, а друго што поголем број од луѓето во организацијата се на
работа. Не се толку млади, а не се ни истражувачи. :)

Извини вака, знам дека ти сакаше да помогнеш, но тоа е, не зависеше
работата само од тебе.
Ние ќе се обидеме да смислиме нешто друго деновиве, па може на крај
краева да се одлучиме за герилски настап.

Поздрав, ти благодарам за сè и се надевам ќе имаме некои идни соработки.„




-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list