[Ossm-members] Итна одлука за организација на SFD

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Tue Sep 23 02:01:33 UTC 2008


2008/9/21 Biljana Kochoska <biljana.kochoska at gmail.com>:
> Јас предлагам средба уште утре. Пример од 6 саатот, нека биде пак во Точка.

немаше средба

> Немаме доволно време и треба убаво да се реши што и како ќе се прави.

Сега имаме уште помалку време.

> 1. Од Дамјан сеуште нема  пример за презентации кои би се држеле по
> школите, за да се модификуваат и да се реши кои би биле. Имаме потврда
> и од гемиџи дека може да се приклучи на ова.

Дамјан сеуште го нема, не знам дали воопшто да се прават презентации
оваа недела. Чомбе не кажа дали пратил нешто по школите.

> 2. Што се однесува до ДВД-то не гледам некој да предложи некаква
> модификација, додаток или прилагодување, па за да го затвориме и да го
> режиме.

Бидејќи никој друг не предложи ништо, еве ги моте прилагодувања, па
тој што се јави дека ќе ја постави финалната верзија за симнување и
режење нека ги направи промените.

- Да се постави страна sfd 2008 на викито која ќе се линкува во
обележувачите на фајрфоксот.
- Останати линкови во обележувачите:
  форумот за убунту во алатникот со обележувачи
  рсс од кајмакот исто во алатникот
  линк до сајтот на слободен софтвер и блогот на сподели знаење
  линк до сајтот на инфопројект
  евентуално линкови до девиант арт страниците на уметниците

- Да се постави нов сплешскрин на убунтуто, има супер слики од еден од
уметниците кој ги даде како десктоп позадини за на двд-то. Истото важи
и за десктоп позадината.
- Да се додадат сликите од уметниците, во галерии на десктоп и во позадините

*тој што ќе го прави ова нека се јави да му ги пратам сликите,
галериите и линковите.

Откако ќе се направат промените, тој што ќе го затвори пакетот, нека
го изрежи на 10 двда, кои заедно со останатите празни двд ќе се
разделат по луѓето кои се пријавија за режење.

> 3. Со цртачите ја одложив средбата додека не решиме што ќе правиме со
> тој дел и длаи ова воопшто ќе го правиме в сабота.

Со цртачите се гледам утре и утре ќе се купи платно, бои и опстанаи тракатанци.

> 4. Дизајнот на флаерот и горниот дел на двдто не би можеле да се
> завршат додека не ги решиме сите поединости.

За изгледот на флаерот требаше да реши тој што дава пари, а сеуште
немаме никаков фидбек. Доколку печатењето на флаерите се закасни,
ништо нема да има смисла.

Утре ќе испратам финална верзија на нашиот лифлет.

Ова е последен пат кога повикувам на повеќе активност, ако сакаме ова
да го завршиме до сабота. Јас тука не фигурирам ни како координатор,
ни како спонзор ни како член на некоја организација, а до сега многу
се вложив во работава. Ако поддршкава остане на толку ниско ниво, ќе
си продолжам со работи кои нема залудно да ми го губат времето.

Поздрав

-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list