[Ossm-members] Итна одлука за организација на SFD

Ilija Kocho ilijak at siva.com.mk
Sun Sep 21 19:37:51 UTC 2008


Biljana Kochoska wrote:
> п.с. што се однесува на летокот, текстот и се што треба да објаснува
> за слободниот софтвер и слободната култура би бил од другата страна,
> на македонски се разбира. Паролата е на англиски за да има поголем
> ефект,
Не гледам зошто би бил поголем ефектот на англиски. Јазикот се избира за
оние на кои се обраќаш.
>  башка што не знам дали можете естетски да го замислите како би
> изгледало на англиски. 
Само предизвик на креативноста. Обидете се и пријатно ќе се изненатдите 8-)
> Што се однесува на логиката, мене вака ми е
> сосем логично, а башка што поентата со веквите слогани е да бидат
> ефективни, а не да се реални дефиниции на нешто.
(Извинете, малку надвор од темата) Некои веројатно не ги помнат
1980-тите, тогаш познати автори правеа песни на српски/хрватски со
оправдување дека „македонскиот не бил певлив“, нетривијални фаци како
Влатко Стефановски кој го прослави македонскиот фолклор. Веројатно сега
си признаваат дека биле во заблуда.

Во нашиов случај, колку за пример но на примр, „слободен софтвер“ е
многу подобро дефиниран поим од двозначниот "free software".
> Ако мислите дека
> некој ќе застане и ќе дефинира што тошно треба да значи ова и дали е
> стварно така, многу сте се излажале. Нашата цел е постигната, ако
> воопшто му се види флаерот убав и примамлив и прочита што има на
> другата страна.
>
> Башка што самата парола е идеолошка и зборува за нешто што би требало
> да биде, а не што е. Прво зашто не користиме сите слободен софтвер за
> да видиме какво тоа општество и култура би произлегло од тоа
>   



More information about the Ossm-members mailing list