[Ossm-members] Profesor
Ilija Kocho
ilijak at siva.com.mk
Sun Apr 26 12:34:13 UTC 2009
Едно е азбуката, друго се зборовите т.е. јазикот.
За азбуката:
Со „кирилица е кул“, сакам да кажам, латиница користат недоволно
информираните, т.е. оние кои сеуште не разбрале дека на современите
машини има кирилична поддршка. Но, има и полошо од користењето латиница,
се сеќавате на „Mac C Swiss“ и „Mac C Times“? Има луѓе и институции што
сеуште ги користат.
За јазикот:
Јазикот е животинче што постојано еволуира, со тек на времето се
додаваат зборови, други се забораваат или добиваат ново значење.
Прифаќањето зборови од други јазици не е лошо само по себе, најдобар
пример можеби е е англискиот кој може да се рече така и настанал.
Што се однесува до преведувањето, тоа треба да се прави со желба и
чувство за убаво. На пример: кој ќе прифати „пренослив компјутер“ за
лаптоп? Од друга страна „уотевер“ - ем на македонски звучи за никаде, ем
си имаме наше решение: „како и да е“, „што и да е“, „кај и да е“. Сакам
да кажам, треба секој случај да се разгледа засебно.
На крај кул е кул, кусо зборче што добро звучи на (скоро) секој јазик.
Со почит
Илија
DZvonko Nikolov wrote:
> Најкул. Наша е и најубава. Уште јазикот да го
> исчистиме од тие непотребните странски зборови,
> фрази и изрази, и тој ќе стане кул (како беше на
> македонски кул?), дури и покул од сега што е.
> И нема да е на маргините, ќе се имплементираат
> многу кул њу ејџ ствари, али оваа сентенца е
> паушална, нели? И баш е кул. Јее!
> Уотевер, сега слушнав дека некое министерство
> ќе правело некаков македонски - компјутерски
> речник/толковник/онлајн речник/веб сајт на официјален
> литературен македонски јазик. Точно ли е и дали
> заедницава има некаква врска со тоа? Знам дека
> имаше некакви обиди и порано (повеќе или помалку
> успешни), ама ова е инфо од многу скоро (вчера/некни).
> Тоа е некоја стара информација повторена или нова
> за стар проблем?
>
> Поздрав
>
> 2009/4/25 Ilija Kocho <ilijak at siva.com.mk>:
>
>> DZvonko Nikolov wrote:
>>
>>> Поздрав
>>>
>>> П.С. Можам да пишувам и кирилица. ;-)))
>>> Да не ме критикувате.
>>>
>>>
>> Кирилица е кул.
>> _______________________________________________
>> Ossm-members mailing list
>> Ossm-members at hedona.on.net.mk
>> http://hedona.on.net.mk/mailman/listinfo/ossm-members
>>
>>
>
>
>
>
More information about the Ossm-members
mailing list