[Ossm-members] Проект - Лексикон на компјутерски термини

Ilin Petkovski ilin at linux.net.mk
Mon Apr 27 17:44:20 UTC 2009


Дечки,
	Претпоставувам дека ова можеби веќе сте го забележале, а може и не, па
јас недела дена покасно откако го приметив, сакав да видам дали
организацијата и сите оние кои ја читаат оваа листа имаат некаков став
во однос на оваа тема
http://dnevnik.com.mk/?itemID=CBFBA2DC62E36D4FB3E78BB4329D1B2D&arc=1. 			Значи,
во контекст на тоа дека во нашата држава по 200 пати се прават едни исти
работи, мислам дека бар во овој дел 2c.mk може да даде сопствен допринес
и да се прескокнат ред глупави ставови и мислења на нашите јазични
авторитети. Она што ме радува во оваа вест, е делот каде што се кажува
дека постои можност за заеднички допринес од сите граѓани на РМ. Според
она што го видов на mio.gov.mk, мене ми изгледа прилично оскудно, со
еден збор никакво :), ова што го направиле. Верувам дека ако дојдеме до
правото контакт лице/институција за овој проект, нашиот фонд на зборови
(кои  дел биле превземени од некаде, дел се смислени за време на
преведувачките маратони или дел биле прифатени како предлози од
индивидуалните преведувачи) ќе го направат ако ништо друго, побогат
изборот на варијанти на зборови кои би можеле да бидат прифатени од
страна на „експертскиот тим“ на преведувачи кои ќе работат на овој проект.

Поздрав,
Илин.



More information about the Ossm-members mailing list