[Ossm-members] Микро-контролери на сподели знаење , сабота 17.01.2009
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Mon Jan 12 18:58:55 UTC 2009
http://spodeliznaenje.blogspot.com/2009/01/17012009.html
По паузата за зимскиот распуст (Берлин, празници, собрание) оваа сабота
(17.01.2009) продолжуваме со Сподели Знаење. Во следниот период воведуваме
нова постојана активност, а тоа е хакирање на микро-контролери.
Дедо мраз од Берлин ни донесе две развојни платформи Arduino Duemilanove [1]
со кои во следниот период ќе го истражуваме светот на микроконтролерите,
embeded програмирање и поврзување со вистинскиот свет. Тоа е првиот чекор кон
правење на армија на роботи-терминатори со кои ќе го освојуваме светот (или во
подосадната верзија - совладувањето на вештината за работа со микроконтролери
ви гарантира вработување и во македонија и во светот - boring).
Оваа сабота за почеток ќе се запознаеме со хардверот и основните концепти на
Arduino платформата, ќе ја споредиме со некои други слични платформи, може и
ќе приклучиме некои диоди или моторчиња - ако има.
За понатаму ќе се договориме, но мој предлог-идеја е секоја сабота понатаму на
Сподели Знаење да одвоиме саат-два за зезање со микроконтролерите, па можеби
дури и да реализираме некој конкретен проект.
пс.
досега не било „официјално“ кажано, но постојан дел од Сподели Знаење е и
решавање на генерални проблеми со Linux, инсталирање, драјвери, wifi, звук и
слично. Можеби треба да дефинираме и суб-термини?
Место и време исто, од 12:00 до накај 18:00, локација иста [2].
[1] http://arduino.cc/en/Main/ArduinoBoardDuemilanove
[2] http://rdr.to/xe
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
"If we knew what we were doing, it wouldn't be research"
That's what my supervisor used to say to me when
I got depressed about lack of progress.
More information about the Ossm-members
mailing list