[Ossm-members] MARnet Peticija

Georgi Stanojevski glisha at gmail.com
Mon Jan 19 22:15:45 UTC 2009


Пошто мора да бидете регистрирани да праќате мејл ќе одговорам тука се
надевам дека иницијаторите ќе прочитаат.

За тие што мислат дека мејлов е офтопик за листава Марнет користат
Bind (барем за серверот во мк) кој е слободен софтвер...  :)


Марнет и начинот на регистрирање и манипулирање со .мк домени во секој
случај мора да се ажурира и реформира, но:

> 1. Постапката за регистрација на домејн во Република Македонија е водена од
> единствена "институција" која има монопол над оваа работа, а тоа е МАРнет.
> http://dns.marnet.net.mk

Поради ова нема хаос на .мк интернетот и нема фантомски и phishing домени.

> 2. За да регистрирате домејн потребни ви се минимум 15 дена, но под услов
> сите технички, правни и бирократски услови однапред да се задоволени.

Не е точно дека требаат 15 дена. Сите домени кои сум ги регистрирал
биле ставени на сервер следниот работен ден од денот кога сум ги
поднел документите.

> 3. Можноста за регистрација на домејн и измени на веќе регистриран домејн
> преку електронски пат сеуште е недостапна.

За ова се согласувам.

Но мислам дека не е проблем на Марнет туку на недостапноста на
електронско плаќање во .мк.

> 4. Можноста физичко лице да регистрира домејн се ограничени само на name.xxx
> (неможе да регистрира .mk, .com.mk, .net.mk, .org..mk ...)

За ова се согласувам.

> 5. Неможноста да вршите продажба на вашиот домејн.

Ова е најглупата причина и не треба да се промени.


Ова треба да се стави:

7. Јавен whois сервер

Пошто нема неможе да си зимаме бесплатен ssl цертификат за .мк домени
од startcom. :(

8. Стареење на домени за кои не се платени обврските или повеќе нема
подесени нејмсервери пр, it.com.mk-it.mk сагата.

-- 
Glisha


More information about the Ossm-members mailing list