[Ossm-members] Макфакс == тиња , што понатаму
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Thu Mar 5 21:33:29 UTC 2009
Во Македонскиот Firefox, од почеток, како default-ен „Најнови вести“ активен
обележувач[1] го користевме RSS-то од Макфакс. Таа одлука беше донесена
одамна, од простата причина што на Макфакс тогаш имаше банер за Firefox (од
којзнае кои причини).
Макфакс пред некој ден го смениле софтверот и сега воопшто *немаат* RSS feed.
Што значи ќе мора да се менува.
Мој предлог е BBC на македонски[2], но би сакал да чујам и други идеи.
Дискусијата може да биде одговор тука, или на bugzilla-та на Mozilla[3] или на
нашиот bug тракер[4].
Други конкуренти се Миа - кои го рекламираат Microsoft на прва страна, A1 и не
знам.. Макфакс ако додадат RSS (НО.. макфакс имаа глупа пракса да ставаат
линкови во RSS-то до содржина која треба да се купи на нивниот сајт.. тиња²).
[1] „Најнови вести“ активен обележувач е менито кое се појавува на bookmark
toolbar-от на нови инсталации на Firefox кое автоматски се ажурира со наслови
од најновите новости преку RSS. Релативно корисна опција и претпоставувам дека
сите кои не го custom-изирале многу Firefox-от сеуште им стои и го користат.
[2] http://www.bbc.co.uk/macedonian/
[3] https://bugzilla.mozilla.org/show_bug.cgi?id=481717
[4] http://bugs.softver.org.mk/task/338
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
A: Because it messes up the order in which people normally read text.
Q: Why is top-posting such a bad thing?
A: Top-posting.
Q: What is the most annoying thing on usenet and in e-mail?
More information about the Ossm-members
mailing list