[2s.mk-friends] Поимник

Igor Stamatovski igor.stamatovski at gmail.com
Sun Nov 15 20:38:21 UTC 2009


2009/11/15 Biljana Kochoska <biljana.kochoska at gmail.com>:
> 2009/11/13 Дамјан Георгиевски <penguinista at mail.net.mk>:
>
>
> 1. Можеби не се толку потребни, но секако се корисни. Како што се сите
> останати фонтови корисни, така и овие. Како илустрација еве неколку
> примери:

Примерот е несоодветен. Не се толку потреби за да се трошат јавни пари за
нив и повторно проблемот не е решен, имаме куп фонтови со ограничена
употреба и без системско решени а парите се потрошени.

> 3. А што има толку системско во DejaVu? Ако го имаш на повеќето
> Линукси, не значи дека е системски (го немаш на повеќето Виндоуси). И
> никој не бара од тебе да го инсталираш тој ХХХ фонт, ако тој што
> пишувал направил документ со вклучен Skola фонт, ќе го видиш како што
> тој го правел, ако не никому ништо.

Па не баш, останатите фонтови ги немаат соодветните знаци, значи ако
добиеш таков документ
и го испечатиш повторно ќе добиеш ?? или коцки на местото на знаците
или несоодветни италик
букви, според тоа се враќаме на стариот гад MAC C Swiss проблемот.

> 4. И уште нешто за потребноста. Дизајнерите на работа кај мене баш се
> израдуваа дека имаат зголемен избор на кирилични фонтови што можат да
> ги користат во дизајните. Не се користат фонтови само за пишување мејл
> и за веб сајтови, ако е така доволни ни се само Ariel, Times New Roman
> и Curier.

Токму во Ariel, Times New Roman и Curirer требаа да се решат овие
проблеми на соодветните
места во unicode табелата.

> И на крај стварно не ми е јасно, кој е проблемот и зошто треба да се
> критикува нешто што е направено, и тоа воопшто не е ни штетно ни
> непотребно, туку само може да има корист за некого, Дали би биле
> позадоволни воопшто да не се направеше?

Проблемот е затоа што решението се промовира како универзално, а имаат
корист само за некого.

Кога би се промовирало како изработка на фонтови за печатење на
македонски немаше да има
никаков проблем и твоиве аргументи ќе бидат сосем доволни да го
истакнат позитивниот аспект на
кампањата. Вака ем се губи поентата, ем се иритира професионалната ИКТ
јавност, и се дезинформира
пошироката јавност дека проблемот е решен.

> А што се однесува на третиот коментар на Новица, мислам дека тоа е
> нешто сосем неповрзано со темата. Нит знам кој го правел ни зошто ни
> како ни што зборувале, Важно е дека имаме некаков производ кој е даден
> бесплатно да се дистрибуира и кој е професионално изработен, (особено
> е ова важно зашто досега немало такво нешто направено во Македонија, а
> не поради патриотски причини)

И тоа како е важно кога се работи за трошење на јавни пари за
изработка на нешто, што било
готов производ веќе неколку години, ова во други земји ( а и во нашата
ако паднеш во немилост на власта) се
третира како злоупотреба на јавна функција за стекнување на финансиска корист.

Бесплатно дистирбуирање можел Ласко Џуровски да си обезбеди и ако ги
поделел по другите агенции кои се
занимаваат со маркетинг, издавачки куќи и печатници. Тоа би било
филантроп, вака е само измамник.

Трето авторските права на фонтовите ги има целосно Ласко Џуровски, ако
ги симнам јас и ги употребувам немам
никаква гаранција дека нема да ме тужи некој во иднина, иако се
платени со моите пари.Во нив не пишува дека се издадени во јавниот
домен поради тоа што се финансирани од буџетот на РМ, ова лесно можеш
да го провериш ако го отвориш TTF фонтот и прочиташ што пишува кај
копирајт.

Сите прашања кои овде ги дискутираме беа адресирани на соодветните
лица на јавните дискусии, и не добија соодветен одговор. Технички им
беше објаснето што требаше да направат и тие тоа не го зеле во
предвид, туку само си ги зеле парите.

Најверојатно ќе се удавиме во сопствената глупост и игнорантност и 20
години неможеме да решиме еден инфраструктурен проблем што не
оневозможува да пишуваме на сопствениот јазик и да го печатиме тоа
согласно нашиот правопис.


-- 
Igor


More information about the Ossm-members mailing list