[2s.mk-friends] Поимник

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Sun Nov 15 21:14:55 UTC 2009


2009/11/15 Igor Stamatovski <igor.stamatovski at gmail.com>:
> 2009/11/15 Biljana Kochoska <biljana.kochoska at gmail.com>:
>> 2009/11/13 Дамјан Георгиевски <penguinista at mail.net.mk>:
>>
>>
>> 1. Можеби не се толку потребни, но секако се корисни. Како што се сите
>> останати фонтови корисни, така и овие. Како илустрација еве неколку
>> примери:
>
> Примерот е несоодветен. Не се толку потреби за да се трошат јавни пари за
> нив и повторно проблемот не е решен, имаме куп фонтови со ограничена
> употреба и без системско решени а парите се потрошени.
>
>> 3. А што има толку системско во DejaVu? Ако го имаш на повеќето
>> Линукси, не значи дека е системски (го немаш на повеќето Виндоуси). И
>> никој не бара од тебе да го инсталираш тој ХХХ фонт, ако тој што
>> пишувал направил документ со вклучен Skola фонт, ќе го видиш како што
>> тој го правел, ако не никому ништо.
>
> Па не баш, останатите фонтови ги немаат соодветните знаци, значи ако
> добиеш таков документ
> и го испечатиш повторно ќе добиеш ?? или коцки на местото на знаците
> или несоодветни италик
> букви, според тоа се враќаме на стариот гад MAC C Swiss проблемот.
>
>> 4. И уште нешто за потребноста. Дизајнерите на работа кај мене баш се
>> израдуваа дека имаат зголемен избор на кирилични фонтови што можат да
>> ги користат во дизајните. Не се користат фонтови само за пишување мејл
>> и за веб сајтови, ако е така доволни ни се само Ariel, Times New Roman
>> и Curier.
>
> Токму во Ariel, Times New Roman и Curirer требаа да се решат овие
> проблеми на соодветните
> места во unicode табелата.
>
>> И на крај стварно не ми е јасно, кој е проблемот и зошто треба да се
>> критикува нешто што е направено, и тоа воопшто не е ни штетно ни
>> непотребно, туку само може да има корист за некого, Дали би биле
>> позадоволни воопшто да не се направеше?
>
> Проблемот е затоа што решението се промовира како универзално, а имаат
> корист само за некого.
>
> Кога би се промовирало како изработка на фонтови за печатење на
> македонски немаше да има
> никаков проблем и твоиве аргументи ќе бидат сосем доволни да го
> истакнат позитивниот аспект на
> кампањата. Вака ем се губи поентата, ем се иритира професионалната ИКТ
> јавност, и се дезинформира
> пошироката јавност дека проблемот е решен.
>
>> А што се однесува на третиот коментар на Новица, мислам дека тоа е
>> нешто сосем неповрзано со темата. Нит знам кој го правел ни зошто ни
>> како ни што зборувале, Важно е дека имаме некаков производ кој е даден
>> бесплатно да се дистрибуира и кој е професионално изработен, (особено
>> е ова важно зашто досега немало такво нешто направено во Македонија, а
>> не поради патриотски причини)
>
> И тоа како е важно кога се работи за трошење на јавни пари за
> изработка на нешто, што било
> готов производ веќе неколку години, ова во други земји ( а и во нашата
> ако паднеш во немилост на власта) се
> третира како злоупотреба на јавна функција за стекнување на финансиска корист.
>
> Бесплатно дистирбуирање можел Ласко Џуровски да си обезбеди и ако ги
> поделел по другите агенции кои се
> занимаваат со маркетинг, издавачки куќи и печатници. Тоа би било
> филантроп, вака е само измамник.
>
> Трето авторските права на фонтовите ги има целосно Ласко Џуровски, ако
> ги симнам јас и ги употребувам немам
> никаква гаранција дека нема да ме тужи некој во иднина, иако се
> платени со моите пари.Во нив не пишува дека се издадени во јавниот
> домен поради тоа што се финансирани од буџетот на РМ, ова лесно можеш
> да го провериш ако го отвориш TTF фонтот и прочиташ што пишува кај
> копирајт.
>
> Сите прашања кои овде ги дискутираме беа адресирани на соодветните
> лица на јавните дискусии, и не добија соодветен одговор. Технички им
> беше објаснето што требаше да направат и тие тоа не го зеле во
> предвид, туку само си ги зеле парите.
>
> Најверојатно ќе се удавиме во сопствената глупост и игнорантност и 20
> години неможеме да решиме еден инфраструктурен проблем што не
> оневозможува да пишуваме на сопствениот јазик и да го печатиме тоа
> согласно нашиот правопис.
>
>
> --
> Igor
> _______________________________________________
> Ossm-members mailing list
> Ossm-members at lists.softver.org.mk
> http://lists.softver.org.mk/mailman/listinfo/ossm-members
>

Фала ти Игор за исцрпното објаснување.
Јас не бев запознаена со овие проблеми и ова издавање на фонтови не го
видов никако поинаку од токму тоа издавање на фонтови кои поддржуваат
кирилица. Не гледав дека издавачите имаа за цел некое решавање а
сисемски проблем, бидејќи за тоа, како што и сам спомна би требао да
се прават интервенции токму во таквите системски фонтови.
Значи просто го доживев како издавање на фонтови, и доколку стварно не
се издадени како паблик домен, или бар со слободна лиценца, исто се
сложувам дека е проблем.
Така да најважно е како е испромовирано ова и со каква цел се правеа
овие фонтови, зашто од тоа зависи како би се одвивала оваа дискусија
понатаму.

И Дамјан дел од твојот муабет има смисла :)

-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list