[2s.mk-friends] хаклаб , дел 2

Misa Popovic popmisa at gmail.com
Thu Sep 10 22:41:18 UTC 2009


Пријатели и членови на заедницата,

> Случајно стапивме во контакт со некоја екипа уметници кои држат фини простории
> во центарот на градов. Разговаравме за тоа некако да се здружиме и да
> направиме заеднички простор каде меѓу другото ќе има и хаклаб.

Луѓето ни понудија фин простор. Во тој простор ќе ги одржуваме
„Сподели знаење“ и „Сподели кино“ како и другите активности на
организацијата со кои сакаме да промовираме размена на знаење. Во
рамките на хаклабот, место за работилници ќе можат да најдат и другите
технолошки интересни групи, односно *UG кои исто така имаат потешкотии
во пронаоѓање простор.

Досега членовите на заедниците најавија донации на
http://slobodensoftver.org.mk/hacklab но ни фалат уште некои 150 евра
за да можеме да го изрентаме просторот. Одговор треба да дадеме до
недела.

Затоа, праќаме уште еден апел до заедницата и особено оние кои работат
во поголеми компании да ја промовираат идејата за „автономната
технолошка зона“ пред оние кои носат одлуки, бидејќи мислиме дека
средствата не се големи, а сите страни ќе имаат корист од
иницијативата: заедницата но и претпријатијата кои ќе можат да ги
пратат своите вработени да научат нешто или да споделат знаење од
нивната експертиза.

Однапред ви благодарам.

-- 
Misha Popovikj


More information about the Ossm-members mailing list