[2s.mk-friends] Кандидати за членови во 2с.мк за годишно собрание на 18 декември

Aleks aleks at slobodensoftver.org.mk
Fri Dec 10 22:13:17 UTC 2010


Би сакал да ја пријавам и мојата кандидатура.

Затоа што неколку години сум активист на полето на слободниот 
софтвер/харвер, би сакал официјално да станам член на 2С.мк и да 
продолжам со истата активност во организацијата.

Досегашни активности поврзани со 2С.мк :

* Организирање и успешно спроведување на првиот хакерски собир надвор од 
Скопје - НСНД Штип 2010
* Организирање и спроведување на презентации и работилници од полето на 
слободниот хардвер, електроника и радио аматерство
* Дефинирање и изработка на проекти поврзани со хардвер

Понатамошни планови за придонес кон заедницата :

* Организирање и спроведување на презентации за електроника
* Изработување на проекти од полето на електроника и слободен хардвер
* Континуирано промовирање на слободниот софтвер/хардвер кон нови членови
* Помагање при организирање на идни собири надвор од Скопје (пример, Штип)
* Вршење на презентации за доближување на слободниот софтвер/хардвер кон 
пошироката публика.

Моментално сум студент на ФЕИТ, насока ЕРПС (Електроника Радио техника и 
Процесирање на Сигнали), но активно работам на спроведување на повеќе 
проекти поврзани со хардвер и електроника во КИКА.

Се надевам на позитивен одговор,

Пои,
Александар (Алекс) Лазаров


On 12/09/2010 11:52 PM, Igor Stamatovski wrote:
> Ако има заинтересирани придружни членови што сакаат да станат членови
> на 2с.мк, пожелно е да ја истакнат својата кандидатура во оваа нишка.
>
> Секако би било пожелно да напишат, зошто сакаат да бидат членови, со
> што се занимаваат моментално, како придонеле и како планираат
> да придонесат за функционирање на 2с.мк и заедницата на корисници воопшто.
>
>




More information about the Ossm-members mailing list