[2s.mk-friends] идеја за надградба на firefox-и на училишни компјутери

Igor Stamatovski igor.stamatovski at gmail.com
Sun Dec 19 21:37:51 UTC 2010


2010/12/19 Новица Наков <novica at bagra.org>:
>
>
> друштво јас го скицнав ова:
>
> http://wiki.lugola.net/FirefoxMozillaLetter
>
> молам дополнете/поправете директно на викито.
>
> добро би било да го пратиме понеделник-вторник.


Дополнив поправив тоа што мислев дека треба да се напише.

Сепак не сум сигурен дека го доловив духот на она што сакав да го
кажам а тоа е Мозила
да ја поттикне иницијативата, локалната заедница да го направи пилотот.

Односно да види дали е возможен и да ја скицира процедурата како треба
да се направи надградбата, а потоа
да се обучат или да им се помогне на локалните тимови за техничка
поддршка да го изведат самиот проект се разбира
со помош од локалната мозила заедница.

Идејата е овие тимови ученици подоцна да партиципираат со свое учество
во мозила активностите во мк
и по потреба на овој принцип да прават надградби на мозила производите
на училишните компјутери.

-- 
Igor


More information about the Ossm-members mailing list