[2s.mk-friends] идеја за надградба на firefox-и на училишни компјутери

DZvonko Nikolov dzvonko at gmail.com
Tue Dec 21 00:05:37 UTC 2010


Досега го следев муабетот и како наставник во основно
училиште со долгогодишно искуство морам да разјаснам
неколку работи:

- постојат (треба да постојат) Ученички Тимови за Техничка Поддршка
(УТТП тим) во секое училиште
- во многу малку училишта има УТТП и функционираат, во неколку има на
хартија, во огромен број нема и нема ниту желба да има
- учениците не се на тоа ниво да прават преинсталација на софтвер на
сите компјутери во цело училиште (зборувам на ниво на држава, не во
неколку скопски училишта - без навреда)
- кога ќе им досади на учениците од УТТП тимовите, цела работа ќе
падне на грбот на наставниците по информатика кои и така работат се и
сешто во училиштата
- од истите причини наставниците нема да се нафатат да го прават тоа
(дури ни со титовки и марами) а ако се нафатат, ќе го упропастат („абе
ајде, побрзо, што ти е гајле, не ми е редовна работа“)
- „зошто да губам слободно време за џабе, кога моето слободно време
можам да го искористам за нешто попаметно“ размислуваат повеќето
наставници и ученици
- да го држиш детето повеќе време у школо ќе ти скокнат родителите
- учениците се на англиски/германски/кошарка/одбојка/гитара/виолина и
други активности
- администраторите од МИО не ги чепкај ако не мораш, ако не е хитно и
ако не ти е тоа последна опција, затоа што се малку, повеќето се
нестручни и повеќе прават штета од корист (за сетирање на најобична
интернет конекција ми требаше 2 месеци. зошто? не сакаш да знаеш!)
- припадниците на 2с.мк се ентузијасти и волонтери, наставниците,
учениците и УТТП тимовите не се (ова е многу важно и треба секогаш да
се зема во обзир при вакви пресметки)
- лозинките се важни и за 5 минути се распространети по цела Македонија
- едно (можно) решение е да се направи некој сајт на кој автоматски ќе
се врши надградба на софтверот на лаптопите (тоа можат да го направат
и учениците и наставниците и притоа ќе можат на фејсбук да си
пишуваат)
Значи, да заклучам: идеализам и ентузијазам на професорите и учениците
не доаѓа у предвид, тоа е завршена приказна. Администрааторите од МИО
нема шанси да ги натераш на таква работа. Ако треба да се направи
нешто, треба да биде од некоја институција и да биде едукативно
оправдана (да се направи надградба затоа што новата верзија е многу
кул и има многу опции е промашување) и да биде економски поддржана (во
форма на семинар, обука или нешто слично, ако губам време барем да има
за што).
На кратко: или со сила (со казни, закани и наредби)  или со пари.
Решение треба да се бара така што ќе се намали влијанието на човечкиот
фактор и ќе биде што повеќе автоматизиран процес. Некој сајт, IP, FTP
адреса, некој автоматизиран процес.
Ова што го пишувам овде, мене лично повеќето не ми се допаѓа и не се
сложувам со тоа, ама е така. Зборувам така затоа што контактирам со
колеги од цела Македонија, одам по семинари и имам 15 години искуство
во образование. Се борам против тоа, ама толку е. Не е убаво, ама така
стојат работите.

Поздрав
Ѕвонко



2010/12/20 Aleksandar Josifoski <josifoski at gmail.com>:
> Дополнително да прокоментирам за споменатите идеи:
>
> Беше спомнато професорите по информатика со ученички тимови да прават нешто.
> Мислам дека тие би се согласиле условно ако им се дадат титовки со петокрака
> и црвена марама да носат на себе.
>
> Лозинки да се од јавен домен.
> Не е лоша идеја, остварлива би била ако ученичките кориснички пристапи би
> биле со некој вид скоро-администратор можности и да можат скоро се
> (инсталација, промена ова она), но да има некоја алтернатива на deepfreeze
> со строго таен пристап. Нека менуваат учениците што сакаат, рестарт и пак по
> старо. Во спротивно, како што е сега, да знаат они sysadmin лозинка, ќе
> настане хаос со компјутерите.
>
> А дека е паметна идеја на хаклаб да се достави едно куќиште со неколку
> терминали и монитори и што е се веќе потребно, нема потреба да се зборува.
>
> _______________________________________________
> Ossm-members mailing list
> Ossm-members at lists.softver.org.mk
> http://lists.softver.org.mk/mailman/listinfo/ossm-members
>
>



-- 
-----------------------------------------------------------------------------------
Regards

DZvonko Nikolov

dzvonko at gmail.com
dzvonko at yahoo.com
-----------------------------------------------------------------------------------
The best things are simple,
but finding these simple things is not simple.

Simplicity carried to the extreme becomes elegance.
-----------------------------------------------------------------------------------


More information about the Ossm-members mailing list