[2s.mk-friends] идеја за надградба на firefox-и на училишни компјутери

Stojan Dimitrovski s.dimitrovski at gmail.com
Tue Dec 21 09:12:29 UTC 2010


Здраво,

Како ученик во средно училиште да ве потсетам на суровата реалност.

Компјутерите во главно не работат, администраторите никаде ги нема, а
оние што работат се во таа состојба заради чиста среќа или со волјата
на УТТП.

Идејата е одлична, но нејзината изводливост е речиси невозможна поради
начинот на кој што е поставен целиот систем. Софтверот е прастар,
постојат милијарда забрани (дури се прашувам дали е тоа цензура) на
основни сајтови, МИО прават некоја чудна финта што го заменуваат
Google логото со нивното (барем она од дебилната кампања за читање
книги), а прелистувачите не се користат за ништо повеќе од Facebook
(HTTPS FTW) и нем YouTube (доколку не е забранет).

Суровата реалност е дека надградбата на Firefox не би донела некои
нови бенефити во „работата“ на компјутерите, туку само ќе предизвика
поголема вознемиреност на администратори, наставници/професори и
ученици. И онака сајтовите на кои им треба понов Firefox никогаш не се
отвараат или се забранети.

Можеби иницијативите за понов софтвер треба да се концентрираат на
заменување на архаичното Едубунту со нова верзија, а би бил
воспоставен еден централен, МИО-only репозитар на софтверски пакети од
каде што apt би влечел upgrade-и. Не е научна фантастика на некој да
му текнало ова на времето кога го правеле имиџот. (автоматизираниот
систем на Ѕвонко)

Незнам кој ја осмислувал идејата со имиџот, но стварно ја утнал работата.

Поздрав,
Стојан Димитровски


More information about the Ossm-members mailing list