[2s.mk-friends] идеја за надградба на firefox-и на училишни компјутери

Stojan Dimitrovski s.dimitrovski at gmail.com
Tue Dec 21 10:58:12 UTC 2010


> Сепак напомена како што спомна Алекс повеќе пати.. зошто воопшто ја водиме
> оваа дискусија кога не сме сигурни дека ќе се надградуваат firefox-ите
> вооптшо.

Дискусијата ја водиме за тоа како би се надградиле. Сепак
иницијативата е од овде, не од МОН или МИО. Идејата е супер и
потегнува многу повеќе од едноставна надградба на Firefox, затоа и е
битно да се измерат ризиците во сите правци.

Честитки за компјутерите кои функционираат, но убеден сум дека
процентот на компјутери кои не се во функција е многу поголем, па
тргнувајќи од оваа претпоставка за мене е бесмислено да се врши
надградба на Firefox. Всушност самата помисла за вршење на вакви
големи технички зафати удира на нерв кај многу одговорни лица, особено
администраторите, наставниците/професорите и бирократијата над нив.

Затоа сметам дека доколку постојат вакви иницијативи, трудот да биде
насочен кон унапредување на веќе постоечкиот систем (кој е слободен
софтвер, а најверојатно ја ја тангира и НПСС) за негово поефикасно
работење со што би се овозможило вакви битни надградби да
функционираат.

Поздрав,
Стојан Димитровски


More information about the Ossm-members mailing list