[2s.mk-friends] идеја за надградба на firefox-и на училишни компјутери

Stojan Dimitrovski s.dimitrovski at gmail.com
Wed Dec 22 10:51:49 UTC 2010


> Ова за што се збори се технички прашања.

Технички прашања -- битни прашања.

> Моментално состојбата (ако се занемарат крупни пропусти од тип на немање
> повеќе администратори или идеално 1 или 2 од школо) е "cloud computing" т.е.
> децата пред себе имаат firefox и скоро целосен пристап на интернет (без
> facebook и незнам што уште точно).

Па не баш. На пример еве основно нешто мене што ми се има случено.
Имавме некоја дебата за секс во школо и требаше да најдеме одредени
информации (од типот не-порно), но поради нели стравот на луѓето од
тоа децата да не дознаат што е тоа секс, многу нормално беше забрането
било какво пребарување со тој збор. Да не зборуваме за Википедија.

А најголемата контрадикторност е тоа што Фејсбук можеш да отвориш,
додека информации за комплетно нормална појава кај луѓето, која што се
учи уште од 6то одделение е сосема забранета. Небаре е времето на
инквизицијата, но без тие страшните колежи и палежи. Но сепак, ова не
е дел од темата на нишкава.

> Тие најчесто пуштаат флеш игри, со финта отвараат меебо итн.

Контрадикторност пак?

> Правото прашање е зошто не ги интересира знаењето, да учат да напредуваат,
> во било која област не само информатичка?

Хмм... интересно навистина. Можеби економско-политичко-социјалните
околности во државата; од друга страна, како би напредувале кога или
нешто не фукнционира или нешто е забрането? Како би напредувал кога
околу тебе се е застарено (вклучително и Firefox)?

> Веројатно еден од можните одговори е што системот на школството е сличен на
> тој од 1949г.

Баш дека не е сличен се јавуваат проблемите. Денес наставниците мислат
дека поттикнуваат истражувачки и креативен дух, бидејќи нели сите оние
семинари каде што им кажуваат како се предавало не треба да бидат
залудни, кога всушност тоа се е гола вода и не функционира. Би рекол
дека системот е повеќе американски отколку 1949, претерано
капиталистички и заснован на самосвесност наместо поттикнувачки. Многу
нормално пак, овој систем се коси со застарените принципи на
професорите/наставниците пред пензија кои никако неможат да се помират
со фактот дека остареле и повеќе не ги бива.

> Lot of comunism другови и другарице

...

Поздрав,
Стојан Димитровски


More information about the Ossm-members mailing list