[2s.mk-friends] предлог нснд штип 20-21 март 2010 х2

Александар Лазаров aleksandar.lazarov at kolenehtenin.edu.mk
Wed Feb 17 20:14:29 UTC 2010


> Ајде да го свртиме тркалото па да видиме дали и каде ќе заглави. :) 
> 
> По повеќенеделни дискусии предлогот да се опробаме на организирање настан од 
> типот на нснд (www.nsnd.org), т.е. мобилно споделизнаење за македонската сцена 
> почнува да се реализира. 
>
> Со фрлање паричка петка-глава датумот е избран да биде 20-21 март, местото е 
> Штип бидејќи Алекс (од Св. Николе кој оди во школо во Штип и каде што има 
> некоја заедница) се нафати да го организира. 
>
> Она што треба да го смислиме (додуше секој за себе) е некаква програма за 
> настанот. Ова е предлогот:
>
> 1. Предавања (дискусии) за што е слободен софтвер, слободна култура, 2с.мк, 
> хаклаб, сподели {кино, знаење} 
> +
> 2. Практичен дел: Секој што сака да оди на НСНД и да држи презентација да си 
> напише на http://wiki.lugola.net/Предлог_програма_за_СподелиЗнаење што нуди и 
> што бара.
>
> Веројатно ќе го апдејтуваме тредов штом ќе се дознаат нови информаации.
>
> П.С. Алекс е на листава?!


Сега сум на листата .)

Да, би можел да организирам тим во Штип за организирање на мобилно „Сподели Знаење“. Планот ми е да се одржи во школото во кое учам затоа што таму ги има сите потребни услови, струја, вода и се разбира интернет. Фората е што моментално директорот е на службено патување и ќе се врати во понеделник и прво што ќе правам муабет со него е за оваа идеа. На Дамјан на ИРЦ му покажав каде се наоѓа училиштето, не е во центар туку на влезот во Штип, но како што кажа тој, кој сака стварно да дојди, ќе дојди. 

За теми т.е. презентирање и јас би можел да придонесам затоа што сега спремаме ЛЕД дисплеј со 2000 диоди кој сакам да го правам т.е. контролирам преку ардуино па може да се вметни во некој дел со микропроцесори. Би можеле доколку е возможно да се презентира и програмирање на ПЛЦ контролери (Програмибилни Логички Контролери) на ГНУ/Линукс платформа, истите ги имаме на располагање.

Следно што му предложив на Дамјан е да иснталираме ГНУ/Линукс на 386 компјутер и истиот да го линкаме на интернет. Мислам дека имаме во школо стара 386-ка зафрлен некаде од старата мрежа кој играл улога како сервер.

Толку имам за сега, најнови информации за просторот и нешто нахнадно ќе информирам во Понеделник кога и јас ќе дознаам но сепак мислам дека директорот ќе дозволи да ја злоупотребуваме халата за презентации т.е. библиотека за еден викенд.

Поиздрав,
Алекс


More information about the Ossm-members mailing list