[2s.mk-friends] Повик за заштита на приватноста на граѓаните во Република Македонија
Stojan Dimitrovski
sdimitrovski at gmail.com
Mon Jun 21 09:29:48 UTC 2010
> Прво што ми паѓа на памет е отворено писмо до владата на РМ со искуства од
> други земји каде што истово е направено + негови согледувања зошто е штетно ова
Па имаше такво писмо од Метаморфозис кое што само беше игнорирано од
страна на целото Собрание (а тоа значи и Владата). Најдобро нешто е
да се оди на целосна граѓанска иницијатива, т.е. петиција за да се
направи нешто. Колку потписи се потребни за нешто повторно да влезе
во собраниска постапка? И, нели сега е малку доцна за вакви потези?
Нели имаше и минијатурен отпор за тоа зошто 2С.мк се приклучила во
повикот?
Единствено нешто што сега може да помогне е да се молиме на Уставен
суд да го разгледа законот, а според она што го читам на BB изгледа
дека и таму нема да има заинтересирани поради тоа што во Собрание само
9 гласале против, а измените и не беа така популарни за да се здобијат
со медиумска слава.
~стојан
More information about the Ossm-members
mailing list