[2s.mk-friends] Мрежни денови во хаклаб
Damjan Georgievski
penguinista at mail.net.mk
Mon Sep 27 09:20:01 UTC 2010
Идејата ми е во хаклаб да направиме еден ден активности кои ќе се
занимаваат со напредно умрежување исклучиво.
До сега не сме имале посебен термин за тоа, нити сме го правеле посебно тоа.
Ова е знаење кое би можело да биде прилично корисно, интересно е, а може
да биде и исплатливо, но обично по дома тешко кој има ресурси да си игра
со сето тоа.
Активностите би почнале со мал теоретски вовед за IP мрежи, рутирање и
рути и сл. па би продолжило до напредно умрежување со динамички протколи
како OSPF и BGP. Можеме да додадеме уште по некоја тема ако некој сака.
Единствени 2 прашања се,
- дали воопшто некој би дошол/го интересира ова?
- кога би го правеле? следнава сабота или после таа?
пошто бара малце планирање, спремање и ресурси - не би го правел ако има
само 1-2ца заинтересирани.
--
дамјан
More information about the Ossm-members
mailing list