[2s.mk-friends] „глобус“ листа на влијателни личности во икт секторот

Misha Popovikj popmisa at gmail.com
Tue Sep 28 14:34:09 UTC 2010


Едно големо извинете од мене за тоа што наместо „Заедница на
корисници“ стои моето лично име како актуелен претседател на „Слободен
софтвер Македонија“. Игор ми кажа дека во прелиминарните разговори со
новинарот/ката им го укажал овој проблем и мислел дека ќе ја послушаат
таа сугестија.

Како и да е, не сметам дека мојата функција во 2с.мк е пред било кој
член во заедницата во случаи каде се мери влијанието кое
организацијата и/или заедницата го имаат врз икт сферата. Воедно,
лично, постојат многу позаслужни луѓе за промоција на слободниот
софтвер во Македонија а таква топ 20+ листа нема ни да се обидам да
направам бидејќи, барем на листава, си се знаеме кои сме.

поздрав и уште еднаш - извинете.

-- 
Misha Popovikj
http://stream.kiberkotle.net


More information about the Ossm-members mailing list