[2s.mk-friends] wiki.lugola.net <-> wiki.spodeli.org

Aleksandar D. Balalovski abalalovski at gmail.com
Thu Feb 3 13:50:41 UTC 2011


Околу www.lugola.net: неколку работи, да констатирам и разјаснам:

* пред некое време одлучено е од членовите на Кика да се форкува
wiki.lugola.net кон wiki.spodeli.org сѐ со цел централизација на
ресурсите во однос на сите активности кои како организација и Хаклаб
ги има(ат)ме последно време.

* со оглед на тоа што Lugola.net како домен последно време не е
активен, од добро познати причини (и секој кој ќе трола по тоа прашање
му посакувам бед-сектори на дискот кај шо му е сорсот), сметам дека
Викито како ресурс кој останал од Лугола е многу важно да се одржи
поради одржување на legacy и почит кон она шо Лугола го правела во
минатото и придонела за слободниот софтвер во земјава.

* содржината не е воопшто прашање на дискусија (иако од GNU FDL во
мигрирањето на wiki.spodeli.org сте ја ставиле Public Domain - што не
е во ред), задржете се на доменот. Мене лично ми смета да лугола.нет
се стави како алиас на сподели.орг, обратно може; во секој случај
одлуката е на тој шо ги контролира овие работи, меѓутоа јас како админ
и главен креатор на најголем дел од содржините на Вики за слободен
софтвер, не би сакал споменикот на ЛУГ-от од Битола (Викито), да
премине во алиас на spodeli.org. Не, овој домен е исто толку важен
колку и лугола.нет, меѓутоа не е приоритетен во однос на ништо.

* доменот lugola.net го користат уште 2-3ца активни јузери како мејл
домен (gemidjy at lugola.net и сл..);

* во случај да wiki.lugola.net „згасне“, тогаш не намеравам да го
држам доменот само за тие 2-3 мејл адреси и за главниот www.lugola.net
(кој не е обновен од 5г. на групата).

* според мене треба да се остави вики.лугола.нет пошто то е нешто на
кое некој работел и кое сега стои како обележје на то шо сме го праеле
во минатото; Исто како шо не го линкаме linux.net.mk со некој друг
домен;

Би сакал само да потенцирам дека се осеќам како дел од заедницата и
Хаклабот и сметам дека вакви прашања треба да се решаваат во
корелација со мислењата на поединци од заедницата, без разлика дали се
присутни во Хаклаб или не, имаме електронски медиуми за комуницирање.

Со оглед на тоа шо веќе постои отворен баг за ова на тракерот, можда
не е битна било каква понатамошна дискусија (се надевам сите сте
запознати со ситуацијата и сте дискутирале и кажале вашето мислење),
ова само ве осврнувам на тоа што ќе се случува со www.lugola.net

Поздрав.
Александар


-- 
http://blog.gemidjy.me || http://wiki.lugola.net
Member of Lugola, 2s.mk, FSF (no.6023),
GnuPG: 754AC43D,

I'm an FSF member -- Help us support software freedom!
http://www.fsf.org/jf?referrer=6023


More information about the Ossm-members mailing list