[2s.mk-friends] wiki.lugola.net <-> wiki.spodeli.org
Damjan Georgievski
penguinista at mail.net.mk
Thu Feb 3 14:51:37 UTC 2011
> * пред некое време одлучено е од членовите на Кика да се форкува
> wiki.lugola.net кон wiki.spodeli.org сѐ со цел централизација на
> ресурсите во однос на сите активности кои како организација и Хаклаб
> ги има(ат)ме последно време.
Да појаснам за wiki.spodeli.org,
во последниве 2 години, wiki-то се користи претежно од луѓе и за настани
кои не се оригинално дел од Лугола.. и како такво доби поширокo значење.
Од таму и идејата да се ребрендира како wiki.spodeli.org - кај што
Сподели е поширока иницијатива за создавање на online и offline (meat
world) содржини поврзани со слободниот софтвер и култура, хакерскиот дух
и се што иде со тоа. Под оваа иницијатива се вклучени и активностите во
хаклаб, активностите како НСНД низ државата и сл.
Затоа и блогот ќе мигрира на blog.spodeli.org, затоа и постои
bugs.spodeli.org итн.
Пошто оригиналното wiki.lugola.net не се одржуваше, беше на стара
верзија на mediawiki и беше со прилично сјебана база, и беше крајно
време да се update-ира ... таа шанса ја искористивме да го направиме и
rebranding-от.
Можам да сфатам дека не ти е мило нешто што било брендирано како lugola
да згасне, но треба да бидеш свесен и за новите околности.
Било као и да е, во моментов има 3 опции:
1. wiki.lugola.net и wiki.spodeli.org да бидат alias-и на истата
mediawiki инстанца, па секој да користи што му е по воља (содржината,
корисниците ќе бидат истите).
2. wiki.lugola.net да се подеси да редиректира на wiki.spodeli.org за да
се афирмира новиот brand (ова мене повеќе ми се допаѓа).
3. wiki.lugola.net и wiki.spodeli.org да продолжат да работат одвоено
(fork, како во моментов) со тоа што содржината со тек на време ќе
дивергира, а и ми се чини wiki.lugola.net нема да има кој да го одржува.
Така да Лугола кажете, what's it gonna be?
> * содржината не е воопшто прашање на дискусија (иако од GNU FDL во
> мигрирањето на wiki.spodeli.org сте ја ставиле Public Domain - што не
> е во ред),
ова е грешка настаната при тестирање на новата инсталација и треба да се
поправи. @Arangel, во конфиг фајлот смени за licensing (кај ли се мењаше).
> Би сакал само да потенцирам дека се осеќам како дел од заедницата и
> Хаклабот и сметам дека вакви прашања треба да се решаваат во
> корелација со мислењата на поединци од заедницата, без разлика дали се
> присутни во Хаклаб или не, имаме електронски медиуми за комуницирање.
се согласувам, но муабетот за инфраструктурите беше најавуван подолго
време и мораше да се случи во реален простор, па повеќето работи се
договорија на еден состанок во хаклаб пред некои 6 месеци. По тоа, имаше
уште многу дискусии на irc (irc://chat.freenode.net/#lugola) и во разни
bug-ови (http://bugs.spodeli.org) кои беа креирани по состанокот.
--
дамјан
More information about the Ossm-members
mailing list