[2s.mk-friends] Досие ЗлатнаКнига :)

Новица Наков novica at bagra.org
Mon Feb 21 15:21:31 UTC 2011



> Инаку да проверевте пред да се карате дали е регистран TM.

Член 150, став 2 од закон за инд. сопств.
Трговската марка не му дава право на носителот да им забрани на трети лица 
употреба во прометот на знак кој е идентичен или сличен со трговската марка, 
ако е тоа потребно заради одбележување на намената на производите, особено на 
нивните резервни делови или видот на услугите кои се даваат под услов знакот 
да се користи согласно со добрите деловни обичаи и да не доведува до нелојална 
конкуренција.


Јас би рекол дека ова што го прави апликацијата не доведува до нелојална 
конкуренција. Нелојална конкуренција би било на пр. ако го користи сервисот на 
ЗК а притоа да тврди дека не е така со цел да ги забуни корисниците 
(клиентите). Добри деловни обичаи исто беа некаде дефинирани (мислам во 
облигации - ме мрзи да барам) али бидејќи услугава е бесплатна and so on, 
мислам дека преочигледно е дека имаме добри деловни обичаи.


-- 
Новица

http://wiki.lugola.net/Вечна_TO-DO_листа
http://wiki.lugola.net/Бонтон_за_ossm-members
http://wiki.lugola.net/Важни_настани_за_слободниот_софтвер_во_Република_Македонија


More information about the Ossm-members mailing list