[2s.mk-friends] Уапсен најмладиот хакер во Македонија

Новица Наков novica at bagra.org
Fri Feb 25 06:36:19 UTC 2011


ПО ЕДНА ГОДИНА ПОЛИЦИСКА ИСТРАГА
Уапсен најмладиот хакер во Македонија

Една година полициските кибернетски полицајци трагале по 19-годишен скопјанец, 
студент по информатика кој во март минатата година ја хакирал страницата на 
една фирма од Гевгелија и за брзо време ја сменил целата содржина, тврди 
полицијата. Скопјанецот, според истражителите, до сега е најмладиот уапсен 
хакер во државава. Против него полицијата до Јавното обвинителство поднела 
кривична пријава за незаконско навлегување во компјутерски систем.
Во март минатата година администраторот на серверот забележал дека има 
незаконско навлегување и отежнато работење на целиот компјутерски систем на 
фирмата. Откако со компјутерски програми успеал да се прикачи како 
администратор, младиот хакер почнал да прикачува несоодветни документи, 
инсталирал свои апликации на веб-страницата на фирмата и целосно ја сменил 
содржината и изгледот. Штом забележал дека веб-страницата е хакирана, 
администраторот веднаш ја алармирал полицијата. Од доставените електронски 
најави на серверот, полицијата открила дека тој користел електронски ИП-адреси 
од јавни установи и домови, од кои е пристапувано со време и со датум. Откако 
одделот за компјутерски криминал на МВР ги проверил сите корисници, на 
површина испливал хакерот.

Г.Н.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=156894&EditionID=2250
-- 
Новица

http://wiki.lugola.net/Вечна_TO-DO_листа
http://wiki.lugola.net/Бонтон_за_ossm-members
http://wiki.lugola.net/Важни_настани_за_слободниот_софтвер_во_Република_Македонија


More information about the Ossm-members mailing list