[2s.mk-friends] Уапсен најмладиот хакер во Македонија

Viktor Zuberot Stojanovski zuberot at gmail.com
Fri Feb 25 07:10:57 UTC 2011


2011/2/25 Новица Наков <novica at bagra.org>:
> ПО ЕДНА ГОДИНА ПОЛИЦИСКА ИСТРАГА
> Уапсен најмладиот хакер во Македонија
>
> Една година полициските кибернетски полицајци трагале по 19-годишен скопјанец,
> студент по информатика кој во март минатата година ја хакирал страницата на
> една фирма од Гевгелија и за брзо време ја сменил целата содржина, тврди
> полицијата. Скопјанецот, според истражителите, до сега е најмладиот уапсен
> хакер во државава. Против него полицијата до Јавното обвинителство поднела
> кривична пријава за незаконско навлегување во компјутерски систем.
> Во март минатата година администраторот на серверот забележал дека има
> незаконско навлегување и отежнато работење на целиот компјутерски систем на
> фирмата. Откако со компјутерски програми успеал да се прикачи како
> администратор, младиот хакер почнал да прикачува несоодветни документи,
> инсталирал свои апликации на веб-страницата на фирмата и целосно ја сменил
> содржината и изгледот. Штом забележал дека веб-страницата е хакирана,
> администраторот веднаш ја алармирал полицијата. Од доставените електронски
> најави на серверот, полицијата открила дека тој користел електронски ИП-адреси
> од јавни установи и домови, од кои е пристапувано со време и со датум. Откако
> одделот за компјутерски криминал на МВР ги проверил сите корисници, на
> површина испливал хакерот.
>
> Г.Н.
>
>
> http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=156894&EditionID=2250
> --
> Новица

и?


More information about the Ossm-members mailing list