[2s.mk-friends] Сакам да станам член на групата
Damjan Georgievski
penguinista at mail.net.mk
Fri Mar 4 11:58:31 UTC 2011
> Dobre najdov:)
> Neznam sto tocno se aktivnostite na sloboden-softwer vo momentov. No
> znam deka ima saem za instalacija na Linux sekoja godina vo toa na
> primer bi mozela da se vklucam,
> Treba da razgledam na grupata kakvi se aktivnosti ima sega vo momentov
> organizirani od sloboden softwer.
Генерално слободен софтвер има две главни нишки на активности.
Едната е под чадор името „Сподели...“ што ги вклучува grass roots
активностите СподелиЗнаење, СподелиКино, Убунту прва помош, Програмирање
и другите активности во хаклабот КИКА, учество и организирање на НСНД
анти-конференциите.
(http://blog.spodeli.org/ и http://wiki.spodeli.org/Хаклаб/Проекти)
Тука негде спаѓаа и Linux install day, меѓутоа пошто секој понеделник
има Убунту прва помош, веќе не се организираат такви масовни едно дневни
активности.
Од друга страна,
слободен софтвер учествува и во некои „институционални“ активности, во
последно време НПСС - „Национална политика за слободен софтвер“, пред
неколку години бевме вклучени и во дискусиите за „Националната политика
за информатичко општество“, скоро редовно учествуваме на панелите на
e-Society, се бунтуваме против штетните договори на владата и Microsoft
и сл.
http://npss.slobodensoftver.org.mk
http://www.metamorphosis.org.mk/mk/vesti/edri/1380-nacionalna-strategija-za-razvoj-na-informatichko-opshtestvo
http://www.e-society.org.mk/
http://slobodensoftver.org.mk/OktomvriskiDokumenti/
ова не е толку интересно, но и тоа мора некој да го прави :)
Нешто измеѓу спаѓаат и работата или помошта на локализација на разни
слободен софтвер проекти, прославување на document freedom day, software
freedom day, и на разните слободен софтвер проекти за кои има некое
community (во моментов се чини само Firefox и Gnome планираат такви работи).
Секако постои простор и за други активности, доколку има идеи и
заинтересирани да ги прават.
--
дамјан
--
This mail was scanned by BitDefender
For more information please visit http://www.bitdefender.com/links/en/frams.html
More information about the Ossm-members
mailing list