[2s.mk-friends] донации за КИКА

Misha Popovikj popmisa at gmail.com
Fri Nov 18 10:47:21 UTC 2011


Една од идеите за подолготрајно финансирање преку мали донации беше
сите заинтересирани да, по основ на траен налог, издвојуваат месечно
пари кои би ги донирале на 2с.мк за потребите на КИКА.

1. Засега, информации ни вратија од Стопанска, НЛБ Тутунска, Алфа и
ТТК банка од кои последните три и ми пратија темплејт. За НЛБ ќе го
изработам најбргу што можам и ќе го објавам на сајт и ќе го пратам
линкот. Ако има некој кој сака да донира а е корисник на некоја од
другите две банки, нека ми прати на PVT мејл за ја убрзам изработката
на темплејтот и за тие банки. Како и секој темплејт - тие нема да
бидат персонализирани -- туку само ќе ја додадеме сметката на 2с.мк на
документот.

2. Втора варијанта е уплата со вирман (лично или преку е-банкарство).
Овој метод јас лично ќе го употребувам се додека не се среди прашањето
со траен налог со банката чиј корисник сум. Денес ќе разговарам со
нашата сметководителка за тоа која шифра треба да се употреби при
уплата со вирман и тоа дали треба некоја посебна документација ние да
припремиме од наша страна. За второво не верувам дека треба бидејќи
сепак уплатата е индивидуална работа на донаторот.

3. Ве молам, оние што се корисници на останатите банки, а сакаат да
донираат преку трајни налози, да отидат во своите банки и пополнат
таков налог. Потоа скенирајте го документот, избришете ги вашите
податоци и пратете ми го на PVT мејл за да можам да направам темплејт
по принципот на reverse engineering кога веќе банките неќат да
соработуваат. ;) На крајот ќе ги објавам сите во odt + pdf за да
можете да ги симнете и дополните.

Во меѓувреме еве ги генералиите на 2с.мк:

име: Здружение за развој на слободно информациско општество „Слободен
софтвер Македонија“ - Скопје
адреса: Злате Михајловски бр. 26 1000 Скопје
сметка: 210-0570883401-10 НЛБ Тутунска банка Скопје

во полето за опис на уплатата ставете нешто во стилот: донација за КИКА

Уште еднаш благодарност за сите кои допринесувале, допринесуваат и ќе
допринесуваат на еден или на друг начин во одржувањето на работата на
КИКА.

поздрав

-- 
Misha Popovikj
http://stream.kiberkotle.net


More information about the Ossm-members mailing list