[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА

Misha Popovikj popmisa at gmail.com
Sat Aug 18 15:02:44 UTC 2012


On 08/18/12 14:04, Arangel Angov wrote:
> Предлог точка:
> - Забрането внесување и конзумирање алкохол.
> 

И јас размислував за ова во последно време и мислам дека е идеја за која
треба да се разговара.

Јас лично имам донесено пиво неколку пати. Сепак, одлучив дека без
разлика што ќе се реши, јас лично веќе нема да носам ниту да конзумирам
пиво додека престојувам во хаклабот.

Како што кажа Арангел, хаклабот претставува место каде што се работи, па
оттука потребно е да се трансформира. Тоа значи дека користење на
просторот треба да биде исклучиво за работа. Хаклабите се и места кои
комбинираат и лежерност во работата, но не сум сигурен дека пиво е
неопходно за таква лежерност.

На ист начин, ако хаклабот е место за работа, или за забава во работата,
не треба да биде место за забава сама по себе. Ако имате работа и
останувате до доцна во хаклаб за да ја сработите, тоа е океј... ама ако
седите во хаклаб затоа што не ви се искача на друго место - тогаш мислам
дека не се користи просторот правилно.



More information about the Ossm-members mailing list