[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА

Igor Stamatovski igor.stamatovski at gmail.com
Wed Aug 22 13:29:46 UTC 2012


2012/8/18 Misha Popovikj <popmisa at gmail.com>:
> На ист начин, ако хаклабот е место за работа, или за забава во работата,
> не треба да биде место за забава сама по себе. Ако имате работа и
> останувате до доцна во хаклаб за да ја сработите, тоа е океј... ама ако
> седите во хаклаб затоа што не ви се искача на друго место - тогаш мислам
> дека не се користи просторот правилно.

Седење во хаклаб дека некому не му се искача на друго место е сосема
во ред со мене,
се додека тоа седење не им пречи на останатите кои таму нешто си
работат, дискутираат,
или едноставно размислуваат и се врткаат наоколу, или во крајна линија
само седат и слушаат.

Сепак постојат и можности за тоа бидејќи имаме 3 простории, па
активноста седење во
хаклаб, и дискусии на различни теми во лежерна и пријатна атмосфера не
му пречи никому
и јас мислам дека тоа е подеднакво правилен начин на искористување на просторот.

Сепак за секоја работа, стои мисловен процес, за кој што е потребна
лежерна атмосфера и
дискусија со оние кои имаат исто или спротиставено мислење на
проблемот за кој што се
дискутира.

Дилемата дали за сево ова е потребно алкохол е беспредметна. Можеме
овде да се договориме
наместо алкохол да пиеме црн чај, во онаков голем чајник каков што
беше купил Патрис Рименс,
од Скопје пред 20 години и толку.

-- 
Igor


More information about the Ossm-members mailing list