[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА

Tamara Atanasoska tamara.atanasoska20 at gmail.com
Wed Aug 22 16:26:10 UTC 2012


Се осеќам без врска што не се вклучувам во дискусијава а сум засегната.

Многу е тешко да се одржува отворен простор, без никакво ограничувања
и правила, каде секој е добредојден во секое време. Мислам, баш е
супер таков простор. Проблемот во овој случај е што сите сме оставени
на совеста на индивидуите кои го посетуваат просторот, и нивните
морални и било какви граници, кои кај секој се разликуваат. Исто
оставаме на нивната спремност за правење компромис во случајот за да
се прилагодиме кон некоја приближна заедничка норма.

Забраните како такви се многу лош начин да се решаваат работите затоа
што не го решаваат проблемот туку удираат на последиците, ама не сме
психолошко здружение за да можеме да работиме на причините за
однесување на секој посетител одделно.

Нема ништо лошо во алкохол или било што друго, додека ти држи и ти
личи. Се над тоа, не е ок.

Јас сепак мислам дека главниот проблем е во тоа како секој од нас го
гледа хаклабот. Ок е да сме оставени сите на себе да си ја изградиме
перцепцијата за местото преку развивање common sense за тоа како да се
однесуваме, но не е лошо да разграничиме некои работи за да ни е
појасно на сите. Како на пример - која е примарната намена на
хаклабот? Која ние целта со одржувањето на едно такво место во
постоење? - работи кои ќе го направат обликувањето на понатамошните
точки полесно.


2012/8/22 Igor Stamatovski <igor.stamatovski at gmail.com>:
> 2012/8/22 Damjan Janevski <miopa at bagra.org>:
>> 2012/8/22 Igor Stamatovski <igor.stamatovski at gmail.com>
>>>
>>> Од друга страна пак што има разлика помеѓу
>>>
>>> Забрането внесување и конзумирање алкохол
>>> Забрането фрлање на отпадоци и правење ѓубре
>>
>>
>> Фрлањето ѓубре е проблем само по себе. Алкохолот, напротив, понекогаш може
>> да продонесе за попријатна и поопуштена атмосфера.
>
> Па да ама исто така ако претераш доведува до хаос и малтертирање на малцинството
> врз мнозинството. А пошто очигледно е дека таа контрола нема кој да ја
> прави, наједноставно
> е да не се доведуваме до такви ситуација.
>
> А кога ќе ни притреба опуштена атмосфера можеме слободно
> да свратиме до блиските кафанчиња или локали околу хаклабот.
>
>> Општо, размислувањето дека со забранување на супстанции може да се решаваат
>> социјални проблеми толку многу пати се покажало како fail што сум изненаден
>> дека сеуште е актуелно.
>
> Па да, ама мисија на хаклабот не е да решава социјални проблеми, така
> што не знам
> зошто ја водиме оваа дискусија.
>
> Постои проблем, кој треба да го решиме, и моментално предлогот на Арангел,
> колку и да е строго или конзервативно е единственото што е на маса и
> што може да
> функционира во таа мала заедница која што се ангажира околу хаклабот.
>
> Дополнително зад хаклабот стои правно лице кое е носител на договорот
> кое подлежи под
> законите на РМ, и зад кое стои физичко лице кое исто така одговара
> пред истите закони
> на РМ. Ако сметаш дека законите не се во ред, тогаш барањата за промена би
> требало да се адресираат кон нивна промена.
>
>>> Тоа исто  така значи дека и пушење цигари на терасите е непожелно
>>> бидејќи после тоа остава
>>> ѓубре од пикавци кое никој не го фрла, и создава слика на неуредност и
>>> нехигиена. Карактеристики
>>> кои исто така се многу ценети од гик културата (види. Sheldon, The Big
>>> Bang Theory), и кои го поттикнуваат
>>> креативниот процес наместо да го потиснуваат.
>>
>>
>> Ако нешто треба да се забрани тоа е гледање ТВ серии.
>
> А еве ти даде уште еден пример од арсеналот на Арангел.
> Али тоа е и онака оф топик ;-)
>
>
> --
> Igor
> _______________________________________________
> Ossm-members mailing list
> Ossm-members at lists.softver.org.mk
> http://lists.softver.org.mk/listinfo/ossm-members


More information about the Ossm-members mailing list