[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА
Bojan Ilievski
drakuwa at gmail.com
Thu Aug 23 07:49:14 UTC 2012
Забрана за внесување на алкохол, може самата по себе да предизвика уште
поголемо незадоволство кај конкретните луѓе кои што ги предизвикуваат
проблемите и е на некој начин заобиколување и избегнување на директниот
проблем. Што е до мене, не сум против забрана, но не сум нешто многу за.
И јас имам носено пиво во хаклабот и си имам супер поминато, пример, на
неколкуте официјално организирани журки и не би ми пречело да се забрани
(доколку редовно го посетував, вака не ми менува многу, ама сакав да
дадам и мое мислење).
Мислам дека треба директно да се реагира кај проблематичните членови.
Ако мене ми е забрането да внесам алкохол, тоа нема да ме спречи да
дојдам пијан во хаклабот. Според мене, треба да им се посочи на луѓето,
пошто не е фер, прво да им го реметат мирот на другите, а како второ,
може да предизвикаат и поголеми проблеми за кои што некој друг ќе сноси
одговорност. Ако после неколку опомени, нема да се смени ништо, може и
да им се каже дека не се веќе добредојдени. Хаклабот е, пред се, место
за работа, па после за забава.
Поздрав
More information about the Ossm-members
mailing list