[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА
Jovan Kostovski
chombium at gmail.com
Fri Aug 24 14:35:45 UTC 2012
Здраво,
Забрана за внесување и конзумирање на (лесен) алкохол во Кика не е
решение на проблемот.
СИТЕ СМЕ ПИЕЛЕ алкохол во хаклабот, не е проблем алкохолот порблем е
однесувањето на некои кои доаѓаат во хаклабот (на трезно или под
десјство на аклохол).
Се изначитав разни филозофии во оваа нишка, демек литературно -
филозофска дружина сме.
Мислам дека е време да престанеме да филозофираме на темава и да
покажеме со прст кон тој што ја направил бељата и да си ги сноси
евентуалните последици.
Бидејќи ова веќе стана повторлива ситуација, мислам дека мора да
преземеме нешто. Подобро да размислиш пред да направиш некој глупост
околку да се извинуваш и да наоѓаш изговири... смешно е. Ако викаме
дека сме возрасни и разбрани, тогаш треба да се однесуваме како такви.
Со повеќето луѓе кои доаѓаат во хаклабот се знам десетина, па и повеќе
години и досега никогаш ни се нема случено ваква ситуација...
Можеби ќе биде добро во куќниот ред наместо забрана за алкохол, треба
да додадеме некој пасус што ќе кажува и како се одзема членство.
Поздрав,
Чомбе
More information about the Ossm-members
mailing list