[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА

Igor Stamatovski igor.stamatovski at gmail.com
Fri Aug 24 14:39:42 UTC 2012


2012/8/24 Vladan Popovic <vladanovic at gmail.com>:
> On 08/18/2012 02:04 PM, Arangel Angov wrote:
>>
>> Предлог точка:
>> - Забрането внесување и конзумирање алкохол.
>
> -1
> ЗАБРАНЕТО е многу јак збор, може да кажеме да не се практикува секојдневно
> пиење пиво и други алкохоли ...

Пак ти треба „полицаец“ да го спроведува тоа, ако сакаш да видиш зошто
оди на точка
добриот свет.

>
> Галама се правела и без пиво, пиво се пиело без галама и проблеми многу
> пати. Најголемиот дел од луѓето што ги примија на gsoc, т.е. сите што доаѓаа
> секој ден во хаклаб пиеја пиво скоро нон-стоп и сите ги примија. Hence,
> работната атмосфера не се нарушува со пиење пиво.

Која емпирија еј. Неверојатно. Сигурно имало и такви шо не се бањале, оти
така мислеле дека послесно ќе ги примат.

> Ако се бунат комшиите, тогаш треба да не се пушта музика и да не урлаат сите
> после 10, а ако пивото ако го стимулира урлањето тогаш јбг, боље да не се
> пие пиво касно навечер. Јас додека бев таму никој од комшиите не се побунил,
> ова ми е новина.

Па не беше тука ти.

>> затоа и предлагам да го претвориме ова у
>> правило - ако не го почитуваш не си повеќе добредојден, simple as
>> that.
>
>
> Со овој предлог Золтан, Шпион, Андреј, Њук, јас, и незнам кој сѐ не, не се
> добредојдени во хаклабот ако сакаме да се напиеме по 1 пиво со другарите и
> ако некој не е дојден да работи уопште да не доаѓа.
> Ако ова е заради една инцидентна ситуација после која човекот искрено се
> извини, а притоа никој не му го ни прифати извинувањето, никој не ни
> одговори на мејлот, тогаш шознам шодаречам.

Не знам како ја сложи листава само, по кој критериум.  Пиво со
другарите се пие во
кафана, у кафич у drinkers paradise како и што сме правеле до сега.

> Ако луѓето што одат често не го одржуваат, тогаш боље да нема хаклаб, ама
> тоа не верувам дека ќе се случи, така да негувајте си го хаклабот :)

На крајот на краиштата поентата е хаклабот да биде самоодржлив, да не
се замара некој
околу него, работите да се одвиваат мазно и секој да си ги реализира
своите интереси.

Правилото го обезбедува тоа, и оди во полза на тоа, ништо нема да се случи
ако тоа правило е тука, а ако некој треба да полицира тогаш тие луѓе
немаат време
да ги реализираат своите интереси и да работата на проекти во хаклабот.

Оттука бидејќи сме сите возрасни, луѓе со интегритет и лична
одговорност, ќе разбереме
дека изборот е помеѓу хаклаб во кое има правило дека алкохол не се
конзумира и место каде
одиме да пиеме пиво со другарите кога не ни се излегува во град.

И двете места чинат 200 евра месечно кирија, едното ги задоволува
личните потреби на поединецот,
другото е јавен простор каде повеќе луѓе можат да се реализираат
себеси и да придонесат во
заедницата во која делуваат и ја градат.

Прашањето е во кое место сакаме да бидеме, и за кое место сакаме да
собираме кирија, да го одржуваме
градиме и развиваме.

Без многу филозофија, толку е едноставно.

-- 
Igor


More information about the Ossm-members mailing list