[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА

Arangel Angov ufo at linux.net.mk
Fri Aug 24 17:29:39 UTC 2012


2012/8/24 Vladan Popovic <vladanovic at gmail.com>:
> On 08/24/12 14:39, Igor Stamatovski wrote:
>>
>> Пак ти треба „полицаец“ да го спроведува тоа, ако сакаш да видиш зошто
>> оди на точка
>> добриот свет.
>
>
> многу полицајци и забрани у место кај што се собира организација за слободен
> софтвер и слободна култура

Ок моеш да контрираш до утре вака, и продолжи ако сакаш, само ќе ти
кажам дека се случил повеќе од еднаш инцидент со алкохол. Ти ако не си
бил тука и ако не знаеш за тоа не го прави да биде по-океј. И те молам
немој да издвојуваш луѓе и да збориш дека некој бил недобредојден,
пошто нема некој досеа што не пиел пиво или не галамел у хаклаб.

И за крај пошто ја ја начнав темава, не мислам дека треба да се
забрани алкохол во хаклаб ама мислам дека пробав и на добар начин и
преку културно разговарање со луѓето и преку укажување на куќниот ред
(печатење на истиот и оставање на секое место во хаклаб кај што седат
луѓе), но тој да го наречам несвесно штетен однос кон просторот што
сме го граделе заеднички толку време не престануваше и едноставно во
еден миг мојата трпеливост ја снема и го пишав мејлот што го пратив
погоре пошто проблем постоеше, беше поврзан со алкохол (*и не само со
алкохол*) но никој не сакаше да се замара со тоа пошто најлесно е да
доеш да си праиш што те интересира да остаиш ѓубре, и да си отидеш у
град. А хронолошки гледано не сме баш заинтересирани за решавање на
таквите досадни работи кои што се од исклучителна важност за да тој
простор опстои и функционира и ми е страв дека дозволуваме да се
претворат во проблеми кои што ќе почнат да бркаат луѓе од хаклаб.

Битно сите рипнавте да го браните вашето загрозено право да пиете
алкохол во хаклаб, а во случај да дојдеше полиција поради некој од
инцидентите никој од вас немаше никако да одговара и можевме многу
лесно да го загубиме просторот.

Значи еве еден пример за сите што испуштиле: лето е надвор 30 степени,
вечер 11.30ч, седиме пиеме по 2-3 чаши пиво, прозорите и вратите се
отворени и галамиме, како што галамиме за се и свашта (само галамиме
повеќе поради тоа што и пиеме, сосема нормално), дали е тоа дека
ubuntu sux или GNOME sux, KDE е боље не е битно.. над нас живеат луѓе
кои што утре треба да станат и да одат на работа, луѓе кои што не
истолерирале еднаш (можеби и повеќе пати) но и тие луѓе имаат трпение
и утре задутре ќе се јават во полиција... во куќниот ред стои да нема
галама по 22ч. - тоа е примерот, извинете ако не ви се допаѓа одете у
кафана у кафич продолжете си ја дружбата, немој да нарушувате јавен
ред и мир, тоа е тоа дечки, коа ќе праиме камп у планина галамете ако
сакате до 4 сабајле, ако не дое мечката да ве ебе пошо не може да
заспие, fine by me.

Гледам и по мејловиве а и по некои дискусии на IRC дека некои луѓе
сконтаа што сакам да кажам така да што се однесува до мене ако
продолжиме по одговорно неам проблем со ништо, ако продолжиме како
досега и покрај тоа што многу ми значи во животот и едноставно
хаклабот ќе престане да биде место кое што ќе сакам да го посетувам со
задоволство.

Значи ако смеам да заклучам: drink responsibly or don't drink. Мислам
wtf, сите сме интелигетни возрасни луѓе и мора да можеме да се
самоконтролираме.

Предлозите и деталите околу ова и други поврзани работи можеме да ги
дискутираме на состанокот во среда. И фала ви на сите што се вклучивте
во дискусијата мислам дека ќе придонесе за промена на добро.
-- 
Арангел
xmpp/mail
ufo \o/ linux.net.mk
http://blog.spodeli.org


More information about the Ossm-members mailing list