[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА

filip dimcevskifilip at gmail.com
Sun Aug 26 14:57:08 UTC 2012


On 8/24/2012 8:15 PM, Blagoj Petrushev wrote:
> Предлог алтернатива:
>
> - Ако дежурниот увиди дека децибелите во хаклаб не се намалуваат и
> покрај тоа што е поминато 22ч, има обврска да го затвори хаклабот
> _веднаш_.
>
> - Ако се случил инцидент (и ретроградно), на одговорното лице (не мора
> да значи дежурниот) кое го отворило хаклабот му се одзема клучот.
>
> Ќе ве потсетам пак - има де факто луѓе одговорни за одржување на
> хаклабот (домари, гејт-кипери дежурни- ватевр), доброволно ја
> преземале таа обврска, одвојуваат време и/или пари за хаклабот, сметам
> дека тие имаат право да го изградат куќниот ред.
>
> За крај - ако имало интервенции кои не ја завршиле улогата, сметам
> дека забраната за внесување на алкохол е добра одлука, би се рекло
> regrettable but necessary.
>
>
> Баже
----------------------------
Здраво дечки,

Според мене хаклабот треба да биде пријатно и топло место за сите оние 
кои се дојдени таму со истата цел ( а верувам дека 99 % од вас ја имаат 
). За сите изолирани инциденти треба да се погрижите самите вие. Значи, 
треба вие да ја одржувате и да ја браните хармонијата и позитивната 
енергија која всушнот го создала самиот хаклаб, а не да се делите во 
табори "за" или "против" алкохол ( што наликува на влада и опозиција ). 
За тоа се потребни лица кои доброволно ќе бидат одговорни за да ги 
задржат вашите заеднички интереси ( што верувам дека ги имате )

Еве јас доброволно се пријавувам како "редар" или одговорен за мирот и 
заедничките интереси или било како наречете го но всушност е човек кој 
се грижи за атмосферата во хаклабот да не излезе од контрола поради 
некои нецивилизирани постапки од одредени луѓе. Можам да бидам присутен 
3 дена во неделата ( после работа, 5 попладне ) и да си работам од таму 
или да допринесувам во обрвските на организацијата. Не зборувам за 
обезбедување кое треба да реагира :) ... туку само за човек кој треба 
рационално да заклучи кога однесувањето на групата ( или некоја 
индивидуа ) е надвор од нашите интереси. Нормално, доколку се појави 
некој инцидент кој не се решава со зборови или постови... треба да се 
реагира ( како и во сите вакви слични места и организации во светот ). 
Да појаснам, редарот не треба да биде обезбедување, туку оној кој е 
задолжен да обрнува внимание на хармонијата во просторот додека другите 
уживаат. Сепак, доколку им се наруши уживањето на членовите, сите заедно 
треба да го решат проблемот на лице место... не со ќутење и постови кои 
губат време и го нарушуваат функционирањето на организацијата.

Поздрав,
Филип.






More information about the Ossm-members mailing list