[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА

Gorgi Kosev gorgi.kosev at gmail.com
Mon Aug 27 03:09:06 UTC 2012


На игор му ветив дека ќе пишам предлог, така да еве го

A modest proposal

Предлагам решение за проблемот галамење после 22h:

Хаклабот да се затвара после 22 часот.

Хаклабот не е место за вампирисување и галамење во часовите кога нормалните
луѓе спијат. Хаклабот е место за работа а нормалните луѓе работат пред 22
часот. Нема ништо специјално во врска со ноќта, таа е како и било кое
време. Не е како да најкреативните идеи и муабети изникнуваат во ситните
часови во опуштена атмосфера со стимулативна музика без притисок да се
работи - таман работа.

Башка, неспиењето во ситните часови е во колизија со перформансите на
мозокот, особено на вербалните способности, кои секако се потребни при
употребата на програмски јазици.

Тезата е едноставна и ефективна: нема хаклаб после 22 часот = нема галамење
после 22 часот.

Вистина е дека некои хакери се по продуктивни во ситните часови. Меѓутоа,
можеби некој е по продуктивен додека има секс или е гол, па тоа не е
оправдување да има секс или да биде гол во хаклабот. По метод на аналогија,
продуктивност во ситните часови не е доволна причина за хаклабот да работи
после 22h.

Дополнително, постојат места кои работат после 22 часот и тие се сосема
соодветна алтернатива на хаклабот

Можеби ваквото решение изгледа престрого. Можеби не секогаш отвореноста
после 22 часот доведува до галама, можеби тоа е поретко од еднаш на 100
пати. Меѓутоа, единствената алтернатива е да се изиграва полиција и да се
предупредуваат и посочуваат тие кои галамат. Тоа немаме намера да го
правиме бидејќи не одиме во хаклабот за такво нешто.

[/сарказам]

Единствената алтернатива е да увидиме дека градење на заедница е тешко.
Некогаш нема едноставни решенија и правила и мора да се прават работи кои
би сакале да ги избегнеме,

Мислам дека статистички во дискусијата повеќето луѓе се сложуваат со
следниве тврдења:

- Битно е во хаклабот да се има опуштена, социјализирачка атмосфера при
работата. Поголемиот дел од времето, алкохолот во умерени количини е
катализатор на опуштена атмосфера.

- Можно е алкохолот навечер после 22 часот да предизвикува зголемена
галама, дури и кога е во умерени количини. Ама тоа не е баш сигурно (можеби
зголемената галама ќе ја има без алкохол).

- Некои луѓе сакаат одвреме-навреме да го употребат хаклабот како место
само за забава. Ова е проблематично поради галамата (комшиите) и другите
присутни кои можеби дошле за да работат.

- Недоличното однесување е непожелно, под дејство на алкохол или без
дејството на алкохол. Сепак, пијаноста е причинител на недолично однесување

Значи, ако постои подготвеност за спроведеме малку потешки (но не
невозможни правила), заклучоците се:

- дека нетреба да се забрани алкохолот

- дека треба да се испроба идејата за забрана на пиење алкохол после 22
часот и да се види дали ќе се покаже како ефективна во намалување на
галамата (јас сум лично тажен поради ова меѓутоа тоа следува од погоре
напишаното)

- употреби на хаклабот само за забава треба да бидат договорени однапред и
со хаклабовска причина (GSoC прослава)  изведени само до 22 часот а
продолжени на друго место и доволно ретки за да бидат толерирани од
комшиите. Кафичи и кафани се сосема добра алтернатива во овој случај.

- Целта на хаклабот за работа во опуштена атмосфера комплетно се коси со
пијанството. Неретко се случува пијаните луѓе во своето пијанство несвесно
да им пречат на другите со прегласно зборување или недолично однесување.
Затоа, во хаклаб несмее да е некој пијан. Доколку осети дека почнал да
станува пијан, треба да го пресели пиењето на друго место. Луѓето кои се
пијани би требало да го напуштат хаклабот.

Околу проблематичноста за имплементација на последново: го приложувам
следното како бета предлог

1) Сметам дека повеќето луѓе ќе бидат одговорни луѓе кои го разбираат
правилото во зборови и во дух. Доволно е што правилото постои - со тоа ги
потсеќа луѓето. Доколку се потсетени, над 95% од луѓето кои доаѓаат во
хаклаб се способни сами да се police-уваат. Верувам дека нема ни воопшто да
им падне на памет да дојдат близу хаклабот доколку се пијани или пак да
пијат брзо и невнимателно.

2) Доколку на некој му се случи да заборави дека хаклабот не е за пијанчење
- дежурниот или 1 присутнен и 1 кој  ќе потврди можат да го потсетат со
фино дека е пијан и дека треба да си оди. Некој можеби ќе рече дека ова
нема некој потенцијал да профункционира врз пијан човек ама јас не се
сложувам - повеќето пијани луѓе едноставно немаат осет дека прават нешто
неподносливо ама ако недвосмислено им се стави до знаење тогаш им текнува.

3) Доколку првото и второто не проработат, а и за да има некаков сериозен
deterrent за прекршување на ова правило, доколку опоменатиот не напушти и
продолжи да биде disruptive, добива забрана за посета на хаклабот. за
прекин на забраната може да се одлучи на состанок после првите 3 месеци.
Сериозно, надежта е дека никогаш нема да стигнат работите до овде и дека
луѓето едноставно нема да бидат пијани во хаклаб или ќе одат да продолжат
на друго место откако се предупредени.

забелешка: доколку некој дежурен или 2јца недежурни го злоупотребуваат
правилото за опоменување, тогаш имаме посериозен проблем во хаклабот одошто
само пиењето :)


п.с.
Не се сложувам со "Неможе од секој да се очекува да се однесува
одговорно". If you believe your users are idiots, only idiots will become
your users.
Треба да се очекува одговорност од сите, Неможе да се измислува правило за
секое можно неодговорно однесување.

Ок, оваа порака излезе огромна. но се надевам барем интересна за читање.
Ваљда ќе помогне за конечното решение.
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20120827/66fc314c/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list