[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА

Azder azhder at gmail.com
Mon Aug 27 13:58:04 UTC 2012


Хаклабот да се затвара после 22 часот. - ПРОТИВ

Предупредување:

(Зло)употребувајте го [сарказам][/сарказам] каде и да посакате во текстов,
но би сакал ако (не) се сложувате да имате и аргументи, не само „тролаш“
или „тропаш глупости“ пошто им го трошите времето на останатите.

Бидејќи се сложувам со некои точки и тврдења, како на пример
„Треба да се очекува одговорност од сите, Неможе да се измислува правило за
секое можно неодговорно однесување“,
како по обичај ќе спомнам од оние со кои што не се сложувам или ми се
нејасни.

1. „... нормалните луѓе работат пред 22 часот ...“
- според која дефиниција било кој од оние што го посетуваат хаклабот е
нормален?
Нормалното обично е дефинирано (пр: нормална собна температура и сл.) или
во
случај на социјални појави каде што нема дефиниција, се претпоставува она
што најголемиот број луѓе го прават.

Со оглед на тоа што хаклабот е посетен од не повеќе од 100 луѓе во град што
има над 100.00 луѓе (карикирани бројки),
де факто хаклабот е место за ненормалните. Колку ненормални? Види точка 2.

2. „Нема ништо специјално во врска со ноќта...“?
- Да има. Претпоставувам, одредени посетители на хаклабот работеа во ноќта
затоа што е специјалното време кога нивните ментори се онлајн па можат да
ги консултираат во реално време.
Ова Е ненормално бидејќи поголем број од луѓето во СК немаат потреба да
комуницираат во реално време преку пола свет.
(Ако има некој што може да ја потврди или побие претпоставкава, слободно
нека се јави инаку и таа без доказ треба да биде невалидна).

3. „...неспиењето во ситните часови е во колизија со перформансите на
мозокот...“
- Некој нека понуди доказ и најверојатно ќе најдиме исто таков контрадоказ.
Но само нафрлање како тврдење служи како демагогија за да го искомплицира
скромниот, ама не на зборови, предлог.

4. Методот по аналогија со секс и голотија со продуктивноста е само
скренување на вниманието од реалните аргументи за останување ноќе:
комуникација со луѓе од други часовни зони во реално време доведува до
зголемена продуктивност.

4.5 Тезата е едноставна (за точна или ефективна со време ќе се види):
Нема хаклаб после 22 часот = полека но сигурно нема да има луѓе ни пред 22,
ни пред 20, ни пред 18 ....
А за друго време и да не зборуваме, често луѓето поради работа и „проблеми
во животот“ не успеваат ни од 18 до 22 да се појават.

5. Кои места по име, адреса (и линк од Google Maps :P) постојат што работат
после 22 часот и се сосема соодветна алтернатива на хаклабот?
- Не зборувам за алтернатива за пиење, пошто целта на хаклабот не е да биде
кафич.
Затоа, без наведена соодветна алтернатива на простор за професионална и
хобистичка соработка (како народна техника?!)
ова тврдењето е исто така демагогија и треба да се отфрли од скромниот
предлог.

6. Не се сложувам дека единствената алтернатива е да се изиграва полиција и
да се предупредуваат и посочуваат тие кои галамат.
- Дали мислите дека она таканареченото „скар ти сум“ е изигравање полиција?
Нели градиме community т.е. друштво?
Па ако некој ви прави проблеми во друштвото самите го постројувате или
отфрлате, не викате помош од полиција (освен ако стварно некој не ве
прогонува и според тоа крши закон).
Затоа и претходно спомнав „социјална казна“ т.е. друштвото, заедницата (ако
е совесна) сама ќе си реагира и без правилници и без полиција.

6.5 И овој разговор сам по себе е реакција, иако често се користи алкохолот
како поим за скренување на вниманието.
Со самото ова доволно се изјаснија дека повеќе нема да се допуштаат
проблемите да се заташкаат ако се појават.

7. „...статистички во дискусијата повеќето луѓе се сложуваат...“ ???
- Некој направи статистика колку за што се сложуваме?
- Ќе се гласа за предлогот или ова е само политичка анкета од типот:
народот нѐ поддржува, па ќе забраниме продажба на алкохол после 19?

8. Претпоставувам дека верување оти луѓето сами ќе се police-уваат не
постои ни кај МПЦ,
инаку не би постоеле како авторитет што ќе ни кажува како (треба) да
живееме.

Затоа да не веруваме дека меѓу посетителите на хаклаб нешто ќе биде или не,
туку едноставно
да го оставиме стравот дека би го изгубиле баш она поради кое што одат во
хаклаб да ги одржува луѓето примерни.
За ова не мора верување, само волја од останатите да не замижуваат пред
(можни) инциденти и соодветно да казнат.

9. „... АКО [...] ТОГАШ имаме посериозен проблем во хаклабот одошто САМО
пиењето...“ ???
Не е пиењето проблем, камоли САМО тоа. Иако зборувам општо и без да барам
детали за инциденти,
мислам дека не настана дискусијава поради тоа што на некому здивот му
мирисал на пиво,
туку поради недоличното однесување.

Тоа е проблемот и СЕГА го имаме тој проблем.

10. „...Сепак, пијаноста е причинител на недолично однесување...“? - Ма
немој да ме јебеш бре!
Ако јас дојдам неопијанет (пошто и така неколку месеци не сум пиел алкохол)
и започнам да се однесувам
недолично (а ме бива за тоа ;),
и ќе ви покажам на дело дека вакви тврдења се погрешни и штетни,
и ќе ве приморам да донесите правило:

NO JERKS IN HAKLAB


Затоа мојот предлог е прост:
Не носете вакви и слични пишани правила (за сега),
доволно е дежурните (и останатите) да знаат дека мора повеќе да внимаваат
на редот и мирот.

Проштевајте, ама не заборавајте.

Ако некој се огрешил и се поправил, оставете го.
Ако некој се огреши и не се поправил од претходно, отерајте го УПМ.

П.С.
Ќе настојувам да се воздржам од идни коментари со цел да се доведе
дискусијава при крај.

Се читаме (Se chitame).
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20120827/04df1589/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list