[2s.mk-friends] Куќен ред КИКА

Gorgi Kosev gorgi.kosev at gmail.com
Mon Aug 27 16:37:53 UTC 2012


Azder, тој дел беше саркастичен, затоа имаше сарказам таг. Сакав само да
покажам дека истите аргументи за забрана на алкохолот може да се употребат
и за затварање на хаклабот по 22 часот. За да нема понатаму двосмисленост:
против двете сум. (мислев дека е очигледно од насловот "a modest
proposal"<http://art-bin.com/art/omodest.html> +
тагот за крај на сарказам)

За делот на кај што велам дека луѓето статистички се согласуваат, во право
си, можеш да го тргнеш зборот статистички. Точниот збор кој го барам е
компромисно решение. Не е статистичко туку од око проценето.

Мислам дека проблемот на луѓето кои се за поедноставни правила (no alcohol)
е што поимот "jerk" не е јасно дефиниран. На пример некои може да мислат
дека ти си постојано jerk додека други не го мислат тоа.

No alcohol е просто и недвосмислено правило ама има друг проблем -
забранува повеќе одошто треба, слично како затварање во 22 часот.

Затоа предложив "no drunk jerks" е компромисно решение помеѓу "no jerks"
(идеално таргетирано ама склоно кон интерпретации) и "no alcohol" (нема
интерпретација и просто за имплементација меѓутоа престрого). Условот е
некој да пиел и сега да е пијан и да се однесува како jerk. Затоа е помалку
склоно на интерпретации.

Башка, не верувам дека некој смета дека треба да се дозволи пијаност во
хаклаб (значи не одговорно, умерено пиење туку намерно начукување или
доаѓање пијан) - ако има некој причина зошто треба да се дозволи, баш ме
интересира да чујам.

За само-полисувањето, јас верувам дека луѓето што го посетуваат хаклаб не
се поклопуваат баш со просекот и се над оноа МПЦ ниво што ти го спомнуваш.
Мислам дека во најголем број можеме да покажеме одговорност, разбраност и
common-sense во најголем број на случаите кога се бара и е потребно.

п.с. Не гледам зошто да не пишуваш понатаму за да се заврши дискусијата,
јас мислам дека е ок е ако имаш дополнителни insights, корекции и забелешки
да ги напишеш. Зошто да заврши дискусијата? Дека е премногу долга?

2012/8/27 Azder <azhder at gmail.com>

> Хаклабот да се затвара после 22 часот. - ПРОТИВ
>
> Предупредување:
>
> (Зло)употребувајте го [сарказам][/сарказам] каде и да посакате во текстов,
> но би сакал ако (не) се сложувате да имате и аргументи, не само „тролаш“
> или „тропаш глупости“ пошто им го трошите времето на останатите.
>
> Бидејќи се сложувам со некои точки и тврдења, како на пример
> „Треба да се очекува одговорност од сите, Неможе да се измислува правило
> за секое можно неодговорно однесување“,
> како по обичај ќе спомнам од оние со кои што не се сложувам или ми се
> нејасни.
>
> 1. „... нормалните луѓе работат пред 22 часот ...“
> - според која дефиниција било кој од оние што го посетуваат хаклабот е
> нормален?
> Нормалното обично е дефинирано (пр: нормална собна температура и сл.) или
> во
> случај на социјални појави каде што нема дефиниција, се претпоставува она
> што најголемиот број луѓе го прават.
>
> Со оглед на тоа што хаклабот е посетен од не повеќе од 100 луѓе во град
> што има над 100.00 луѓе (карикирани бројки),
> де факто хаклабот е место за ненормалните. Колку ненормални? Види точка 2.
>
> 2. „Нема ништо специјално во врска со ноќта...“?
> - Да има. Претпоставувам, одредени посетители на хаклабот работеа во ноќта
> затоа што е специјалното време кога нивните ментори се онлајн па можат да
> ги консултираат во реално време.
> Ова Е ненормално бидејќи поголем број од луѓето во СК немаат потреба да
> комуницираат во реално време преку пола свет.
> (Ако има некој што може да ја потврди или побие претпоставкава, слободно
> нека се јави инаку и таа без доказ треба да биде невалидна).
>
> 3. „...неспиењето во ситните часови е во колизија со перформансите на
> мозокот...“
> - Некој нека понуди доказ и најверојатно ќе најдиме исто таков
> контрадоказ. Но само нафрлање како тврдење служи како демагогија за да го
> искомплицира скромниот, ама не на зборови, предлог.
>
> 4. Методот по аналогија со секс и голотија со продуктивноста е само
> скренување на вниманието од реалните аргументи за останување ноќе:
> комуникација со луѓе од други часовни зони во реално време доведува до
> зголемена продуктивност.
>
> 4.5 Тезата е едноставна (за точна или ефективна со време ќе се види):
> Нема хаклаб после 22 часот = полека но сигурно нема да има луѓе ни пред
> 22, ни пред 20, ни пред 18 ....
> А за друго време и да не зборуваме, често луѓето поради работа и „проблеми
> во животот“ не успеваат ни од 18 до 22 да се појават.
>
> 5. Кои места по име, адреса (и линк од Google Maps :P) постојат што
> работат после 22 часот и се сосема соодветна алтернатива на хаклабот?
> - Не зборувам за алтернатива за пиење, пошто целта на хаклабот не е да
> биде кафич.
> Затоа, без наведена соодветна алтернатива на простор за професионална и
> хобистичка соработка (како народна техника?!)
> ова тврдењето е исто така демагогија и треба да се отфрли од скромниот
> предлог.
>
> 6. Не се сложувам дека единствената алтернатива е да се изиграва полиција
> и да се предупредуваат и посочуваат тие кои галамат.
> - Дали мислите дека она таканареченото „скар ти сум“ е изигравање
> полиција?
> Нели градиме community т.е. друштво?
> Па ако некој ви прави проблеми во друштвото самите го постројувате или
> отфрлате, не викате помош од полиција (освен ако стварно некој не ве
> прогонува и според тоа крши закон).
> Затоа и претходно спомнав „социјална казна“ т.е. друштвото, заедницата
> (ако е совесна) сама ќе си реагира и без правилници и без полиција.
>
> 6.5 И овој разговор сам по себе е реакција, иако често се користи
> алкохолот како поим за скренување на вниманието.
> Со самото ова доволно се изјаснија дека повеќе нема да се допуштаат
> проблемите да се заташкаат ако се појават.
>
> 7. „...статистички во дискусијата повеќето луѓе се сложуваат...“ ???
> - Некој направи статистика колку за што се сложуваме?
> - Ќе се гласа за предлогот или ова е само политичка анкета од типот:
> народот нѐ поддржува, па ќе забраниме продажба на алкохол после 19?
>
> 8. Претпоставувам дека верување оти луѓето сами ќе се police-уваат не
> постои ни кај МПЦ,
> инаку не би постоеле како авторитет што ќе ни кажува како (треба) да
> живееме.
>
> Затоа да не веруваме дека меѓу посетителите на хаклаб нешто ќе биде или
> не, туку едноставно
> да го оставиме стравот дека би го изгубиле баш она поради кое што одат во
> хаклаб да ги одржува луѓето примерни.
> За ова не мора верување, само волја од останатите да не замижуваат пред
> (можни) инциденти и соодветно да казнат.
>
> 9. „... АКО [...] ТОГАШ имаме посериозен проблем во хаклабот одошто САМО
> пиењето...“ ???
> Не е пиењето проблем, камоли САМО тоа. Иако зборувам општо и без да барам
> детали за инциденти,
> мислам дека не настана дискусијава поради тоа што на некому здивот му
> мирисал на пиво,
> туку поради недоличното однесување.
>
> Тоа е проблемот и СЕГА го имаме тој проблем.
>
> 10. „...Сепак, пијаноста е причинител на недолично однесување...“? - Ма
> немој да ме јебеш бре!
> Ако јас дојдам неопијанет (пошто и така неколку месеци не сум пиел
> алкохол) и започнам да се однесувам
> недолично (а ме бива за тоа ;),
> и ќе ви покажам на дело дека вакви тврдења се погрешни и штетни,
> и ќе ве приморам да донесите правило:
>
> NO JERKS IN HAKLAB
>
>
> Затоа мојот предлог е прост:
> Не носете вакви и слични пишани правила (за сега),
> доволно е дежурните (и останатите) да знаат дека мора повеќе да внимаваат
> на редот и мирот.
>
> Проштевајте, ама не заборавајте.
>
> Ако некој се огрешил и се поправил, оставете го.
> Ако некој се огреши и не се поправил од претходно, отерајте го УПМ.
>
> П.С.
> Ќе настојувам да се воздржам од идни коментари со цел да се доведе
> дискусијава при крај.
>
> Се читаме (Se chitame).
>
>
> _______________________________________________
> Ossm-members mailing list
> Ossm-members at lists.softver.org.mk
> http://lists.softver.org.mk/listinfo/ossm-members
>
>
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20120827/1d4013ea/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list